14 Декември, 2025
0.0348

РЕВИЗОРОТ ЗАЧУДЕН: Како државно претпријатие „простило“ долг од 2,5 милиони евра

Објавено во: Економија 07 Март, 2025 11:30

Добивај вести на Viber

Независниот ревизор во извештајот објавен на „Македонска берза“ изразува зачуденост како акционерското друштво „Водостопанство“ дозволило да му застари долг од 2,5 милиони евра што требало да си го наплати.

Акционерското друштво во државна сопственост има повеќе од 8 милиони евра ненаплатени побарувања до почетокот на 2024, а независната ревизија открива дека згора на тоа уште 2,5 милиони евра нема да може да се наплатат затоа што изминал рокот од три години за наплата.

„Како што е објавено во Белешката 10, кон придружните финансиски извештаи, салдото на побарувањата од купувачи со состојба на 31 декември 2023 година вклучува побарувања во износ од 493.469 илјади денари. Нам не ни беа дадени соодветни податоци и информации во поглед на старосната структура на целокупните побарувањата и не бевме во можност целосно да ја спроведеме постапка на обезбедување на конфирмации за потврдување на салдата. Од доставената старосна структура на побарувања која се однесува само на побарувањата од купувачи од правни лица, идентификувавме побарувања од купувачи во износ од 158.043 илјади денари, кои што се постари од три години. Поради наведените прашања во овој параграф, ние не можевме да спроведеме сопствени проценки и со разумна сигурност да го утврдиме износот на потребната резервација поради оштетување на побарувањата од купувачите, која може да има материјално значаен ефект врз финансиската состојба и резултатот од работењето на Друштвото со состојба за годината што заврши на 31 декември 2023“,констатира ревизорот во својот извештај.

Ова претпријатие со години работи со загуба и зависи од државната помош од буџетот, а вработените често знаат да изразат незадоволство поради нередовните плати. Нето побарувањата од купувачите, според ревизорскиот извештај, за една година се зголемиле од 7,5 на 8 милиони евра.  

Под капата на АД Водостопанство се наоѓаат локалните водостопанства и одржувањето на постоечките системи за наводнување. Ова јавно претпријатие има приходи од наводнување на посеви, од водоснабдување на индустријата, комунални претпријатија, продажба на речен материјал, продажба на вода за струја, итн.

Синдикалната организација на АД Водостопанств минатата година преку мирен протест побара од Владата да им се префрлат средства за плати и трошоци за гориво, електрична енергија и резервни делови за да ги подготват и одржуваат каналите за наводнување и одводнување, цевководите за достава на сурова вода, се со цел да може да отпочне и да се заврши сезоната за 2024 година.

АД Водостопанство функционира преку дирекција и 14 подружници, а најголем проблем има со ненаплата на водните услуги од општините корисници, поради што често вработените остануваат без редовни доходи. Претпријатието има над 500 вработени во целата држава

Од работењето на АД Водостопанство зависи и функционирањето на 30 илјади земјоделски семејства. Преку претпријатието се наводнуваат земјоделските површини и се одржуваат цевководите за достава на сурова вода до комуналните претпријатија.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји