КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Објавено во: Економија 14 Декември, 2025 15:24
Професорката Ана Чупеска, реагира на информацијата за затварањето на трезорот на 15 декември. Според неа, тоа не е домаќинско работење.
„КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА!
Затворањето на трезорот на 15-ти декември е јавно признание за финансиски крах, а не мерка за „дисциплина“! За првпат во модерната историја на Македонија, Владата става катанц на Буџетот уште на средина на месецот. Ова не е домаќинско работење, ова е класичен доказ за неликвидност која власта се обидува да ја покрие со евтини манипулации. Додека Мицкоски денеска фрла вина врз институциите (кои, самиот ги води и чии директори самиот ги постави), граѓаните и фирмите остануваат во неизвесност пред Нова година.
Доцнат плати во јавниот сектор.
Доцнат социјални трансфери.
Hа 15-ти декември – се запира сè!
Кога Трезорот се затвора на половина месец, тоа значи само едно: државата е доведена пред БАНКРОТ, а само премиерот сè уште нема собрано храброст тоа да ви го каже во очи.“ напиша таа.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото




