30 Април, 2024
0.0299

Aгенцијата “Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед

Објавено во: Економија 21 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Aгенцијата “Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед. На потврдата на рејтингот ББ влијаеа континуираната конхерентност на макроекономската и финансиската политика, кои го поддржуваат стабилниот девизен курс. Позитивниот изглед пак го одразува постабилното политичко окружување што резултира со повисока економска доверба, пренасочувањето на политиките кон членство во ЕУ, и подобрените меѓународни односи.

Во извештајот Фич нотира дека Владата постигнала кредибилен напредок во остварувањето на заложбите од промената на власта во јуни 2017 година, вклучувајќи го и имплементирањето на итните иницијативи како дел од реформскиот „План 3-6-9“, како и прашањата на транспарентноста и независноста на јавните институции. Особено се истакнува подобрувањето на фискалната транспарентост, како и чекорите за подобрување на деловниот амбиент за малите и средните претпријатија. Исто така, нотиран е и напредокот во прашањето околу името, одлуката на Советот на ЕУ за преговори за членство во јуни 2019, како и формалната покана од НАТО за зачленувањето на Македонија по решавање на спорот со името. Притоа, се спомнува дека резултатите на референдумот може да предизвикаат политичка неизвесност.

Фич оценува дека растот на БДП од 2,7% годинава ќе забрза во следните две години, укажувајќи дека продолжената политичка стабилност и постепеното закрепнување на инвестициите ќе го зголемат растот на среден рок. Понатаму, се оценува дека јавните финансии се во линија со оние на други слични земји. Притоа, Фич проектира дефицит во 2018 година од 2,6% од БДП, а државниот долг ќе изнесува 42,3% од БДП.

Фич оценува дека ризиците за политичката стабилност се сеуште повисоки од групата на слични други земји како резултат на политичката криза меѓу 2014 и 2017 година. Понатаму, се наведува дека врз подобрување на рејтингот може да влијаат подобрувањето на стандардите на владеењето и понатамошното намалување на политичката неизвесност, како и имплементацијата на среднорочна фискална консолидација, конзистентна со стабилизација на учеството на јавниот долг во БДП. Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијаат негативните политички движења кои би влијаеле на стандардите на владеење, економијата и/или насоката на владините политики, фискалната недисциплина или потенцијалните обврски, како и проширувањето на дефицитот на тековната сметка.


Можеби ќе ве интересира

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас