05 Мај, 2024
0.0684

Агим Нухиу: Според јазикот на пасошите, Албанците се 30 отсто во Македонија

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

На предлог од Државниот завод за статистика во нацрт верзијата на законот за попис што треба да се реализира следната година се бара да нема прашање за етничка и за верска припадност за пописот да се заштити од политизација, туку да има прашање за јазикот, односно за јазикот што вообичаено се зборува во домаќинството и за мајчиниот јазик.

Во меѓувреме во албанскиот политички кампус во Македонија се разви дебата дали етничките Албанци имаат или немаат корист од тоа да се впишува националноста во посебната графа и дали бројките ќе ислезат под или над нивните очекувања.

Актуелниот заменик-министер за внатрешни работи Агим Нухиу, кој стана популарен во јавноста како прв Албанец кој бил на чело на овој ресор во периодот на предизборната техничка влада, за ТВ21 изнесе податок дека според идадените пасоши, македонски државјани кои зборуваат на албански јазик има 30 отсто.

- Државјанството не е статусот кој ја одредува етничката припадност на граѓаните, туку ја одредува нивната државна припадност. Во контекст на демографското прашање на нашата држава, ви го претставувам овој факт: Според валидните пасоши, 30,4 % се Албанци, емајќи во предвид дека има и Албанци кои немаат пасоши и на албански јазик - гласеше одговорот на Нухиу.

Процентот на Албанците во Македонија и натаму останува енигма и како што изгледа тоа нема да го открие ниту најавениот попис . Најголемата статистичка операција во земјава која се очекува да се одржи во април идната година најверојатно нема да има предвидено графа за изјаснување на граѓаните според етничка и верска припадност


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува