26 Април, 2024
0.0304

АГРОНОМ ТВРДИ: Вакви обилни дождови во август немало со децении

Објавено во: Македонија 07 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Иван Зафировски, агроном од Битола вели дека вакви обилни дождови во јули и август немало со децении.

Тврди дека во Битола деновиве паднале 100 литри дожд на метар квадратен. Тој самиот врши мерења и ја следи состојбата. Наведува дека овие обилни врнежи ќе бидат позитивни за дел од културите, но за некои ќе имаат негативен ефект.

„За градинарските култури на отворено овие дождови се штетни, ќе се одразат негативно на родот. Тука мислам на доматите и пиперките. За лозјето нема да има штети, тоа  е пред берба. За овошките дождот е добар, а посебно е добар за сеидба за маслодајна репка која почнува околу 15 август, односно за неколку дена“, вели Зафировски.

Но, во источниот дел од Македонија деновиве имало помали количини дожд.

„Дождот ќе биде благодет за овошните дрвца. Ако паднат 35 литри дожд до крајот на неделава ќе биде добро, но јас се сомневам, затоа што во нашиот краj малку врнеше. Дождот е добар за компирот, овошките, посебно за сливите во нашиот регион, во Пијанечко“, додава агрономот Весна Свединска од Берово.

Во Демир Капија, Охрид и Скопје за 24 часа наврнале над 50 литри дожд, според УХМР. За разлика од нив во Берово паднале само 4 литри дожд на квадрат.  Мали количини дожд наврнале и во Дојран, Виница и Гевгелија.

Според метеоролозите, до недела ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Од понеделник се очекува постабилно време, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Деновиве имаше невреме во Делчево, Скопје, а се поплави и рудникот Суводол.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби