19 Мај, 2024
0.0285

Ахмети: Албанците никогаш не биле проблем во спорот за името

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва изјави дека Албанците не биле спомнати во Договорот за спорот со името бидејќи никогаш не биле проблем во спорот.

- Албанците биле активен дел кој придонел за решавање на овој спор, да не бидеме заложници на овој нерешен спор...ова прашање беше спор меѓу нашите македонски сограѓани и грчката страна и јавно се познати реакциите кои ги имаше грчката страна, почнувајќи од античкиот период или инсталирањето на ликови, личности кои му припаѓаа на античкиот период. Најголема грижа во тоа време за грчка страна беа именувањето на аеродром „Александар Велики“, на автопатот, поставувањето на споменикот, рече Ахмети додавајќи дека грчките власти сметале дека со тоа се покажуваат територијални претензии во интервју за емисијата „На патот кон“ на ТВ Алсат-М.. 

Кажа дека имал серија средби со грчките власти вклучувајќи ги и министрите за внатрешни работи на Грција во изминатите 10 години и дека инсистирал на барањето да не прекинат односите меѓу Р.Македонија и Р.Грција и да не се продлабочи јазот, туку да се изнајдат заеднички позиции и дека ги убедил оти нема никаков проект за промена на границите во регионот. 

На прашањето дали името Република Северна Македонија го одразува и идентитетот на сите Албанци, Ахмети рече дека тие се согласиле државата да се нарекува така.

- Во Република Македонија, живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи...Ние сме дел од Уставот на РМ и нема никаква дилема дека Албанците се во нивното место и во нивната држава, вели Ахмети

Во однос на добиенот датум за преговори, оцени дека тоа е важен момет за Република Македонија. 

- Ова е многу важен момент за РМ, ова е многу добра можност до јуни следната година да се направат и тие работи, односно да се дојде до тие стандарди кои се неопходни за членство во ЕУ, рече Ахмети.

Одлуката за препорака за датум за преговори, според него е одлука на компромис имајќи разбирање за тие две земји кои не дадоа зелено светло, туку „портокалово светло на семафорот“.

- Но, според мое и мислење на многу политичари, практично Република Македонија ги започнува преговорите со ЕУ , рече Ахмети.

Тој очекува албанската дијаспора да се вклучи во гласањето на референдумот за Договорот за решавање на спорот за името. 

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“