Ахмети и Ангелов се бараат како сведоци во случајот „Диво насеље“
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2016
Oдбраната во случајот „Диво насеље“ и денеска ја истакна потребата од сведоците Стојанче Ангелов од Достоинство и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Сепак не кажаа конкретно зошто нивните сведочења би биле од корист. Јавниот обвинител ги читаше доказите приложени кон обвинителниот акт, по што се презентираат фотографии и видео снимки од местата каде што се пронајдени и подигнати оружјето и муницијата. На рочиштето денеска се изведени материјалните докази.
Во вооружените инциденти во Диво насеље во Куманово загинаа осум припадници на полициските единици, а четириесетина беа повредени. 37 лица се товарат за тероризам и логистичка поддршка.