Ахмети не се плаши дека СДСМ ќе им земат гласови
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2016 09:56
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека не се плаши дека СДСМ ќе им земат гласови на престојните избори.
Тој смета дека со овој потег СДСМ нема ништо да постигне.
„Не, не апсолутно не сме загрижени. Мислиме дека СДСМ нема да добие ништо со овие акробации, да ги наречам организациски, или пак со овие пораки за граѓански партии, бидејќи е изненаден и самиот албански електорат од каде излегоа тие како спасители. Значи, Демократската унија за интеграции воопшто не е загрижена. Ова што се размислува за граѓанска политичка партија ќе дојде време во иднина и не може да се избегне од овој пат. Но ова може да се случи по една или две децении, во иднината. Сега имаме многу работа во насока на рамноправноста меѓу двете најголеми заедници“ - кажа Ахмети.
Вели дека не можат да влијаат на волјата на граѓаните и дека ќе има граѓани од една етничка заедница кои ќе гласаат за партија од друг етникум, но не можат да знаат кој за кого гласа.
„Нас не гласаат граѓаните на Република Македонија и во гласовите не се пишува дали е Македонец, Албанец или пак Турчин, Ром, Србин или пак дали е Влав итн“ - додава Ахмети.
Тој смета дека во интерес на земјата е да имаме избори што ќе бидат прифатени од сите.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него




