20 Декември, 2025
0.2552

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2025 22:29

Добивај вести на Viber

АЛАРМАНТНО ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ ВО ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ

Министерството за животна средина објави дека прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат.

При тоа објавени се и следните мерки и препораки во овие скопски региони од страна на министерството.

· Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола

МИЦКОСКИ ОДГОВОРИ НА РЕАКЦИЈАТА ОД ГРЧКОТО МНР

Премиерот Христијан Мицкоски за реакцијата на грчкото Министерство за надворешни работи за името, кажа дека нема да прифати цензура кога станува збор за неговите чувства и правото на слободен говор.

„Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани. За мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што мислам“, изјави Мицкоски.

Грчкото Министерство за надворешни работи пред два дена реагираше за изјавите на премиерот Христијан Мицкоски кој тврдеше дека го „вратил името“ на Македонија бидејќи и лидерот на СДСМ, Венко Филипче почнал да ја нарекува така земјата наместо Северна Македонија.

Соопштија дека секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот нема да биде прифатен од грчката страна. 

БЕБЕТО ОД АРАЧИНОВО ПОЧИНАЛО ПОРАДИ НЕЗРЕЛОСТ НА БЕЛОДРОБИЕТО

Клиниката за гинекологија каде почина новороденче денеска преку соопштение до медиумите информира дека обдукцијата покажала дека нема физичка повреда на било кој од органите и дека причина за смртта е респираторна инсуфициенција на респираторниот стрес синдром односно незрелост на белодробието.

- По добивањето на резултатот од страна на Клиниката, семејството е уредно повикано со цел лично да бидат информирани за сите деталите од наодот. За понатамошниот тек на случајот Министерството за здравство формираше стручна комисија со цел целосно расчистување на случајот и лоцирање на евентуални неправиности во лекувањето на новороденото. Согласно заклучокот, Клиниката ќе постапи по сите правни процедури пропишани за евентуално поведување на дисциплинска постапка во рамките на дозволениот временски рок. Како установа изразуваме длабока жалост, а воедно сочувствуваме со болката и загубата на семејството. Вработените на ГАК секојдневно се борат за животите на многу деца, но за жал се случуваат и загуби кои ги доживуваме не само како професионалена, туку и емотивна загуба, стои во информацијата од ГАК.

ОЈО ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА ПРЕДМЕТОТ НА ДАРДИШТА

Обвинителството излезе со детали за предметот со кој е опфатен Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за матични книги и актуелен вработен во ЕВН Дистрибуција.

„Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18.12.2025 година и вчера, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. Во рамките на акцијата од слобода се лишени 11 лица. Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33 лица, поради основано сомнение дека сториле кривични дела од економско-финансиска природа. Сите осомничени лица се товарат за кривично дело Злосторничко здружување. Дополнително, седум лица дел како помагачи, а дел како поттикнувачи, се осомничени за продолжено кривично дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, 12 лица за продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, додека на 20 лица на товар им се става дека, како соизвршители, сториле продолжено кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело“, стои во соопштението.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Примамливи плати од околу 70 илјади денари можат да земат ИТ инженери или аналитичари кои би се пријавиле на огласот за работа на Народната банка на Македонија. Согласно објавата на нивната веб страна, се бараат кандидати со кои би се пополниле пет работни позиции од различен карактер, а согласно позициите и различни плати.

Дел од македонските граѓани искусиле работа во повеќе различни земји, што им помага да стекнат вештини, искуство, професионално да се развиваат,  да направат споредба во однос на условите, начинот на работа, платите. Има и такви кои работеле не само во различни држави, туку и на различни континенти. 

Новина во Управнот одбор на Централна кооперативна банка. Со одлука донесена на 12 декември од страна на Народната банка во УО влегуваат Неделин Валчев и Орце Трајковски. Двајцата остануваат во УО две години. 

Владата на една од последните седници и дозволи на Агенцијата за управување со одземен имот уште еднаш да ги понуди на продажба запленетите акции , овој пат само оние што ги поседува во Стопанска банка - Битола, односно Алта банка по ново. Нема да се продаваат преку македонската берза, туку се објавени на оглас од вчера на веб страната на агенцијата.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица