24 Мај, 2025
0.0559

АКЦИЈА ВО СЕВЕРНО КОСОВО: Затворени се пет паралелни српски општини

Објавено во: Балкан 31 Август, 2024 07:07

Добивај вести на Viber

Повторно имаше инциденти на Косово. Koсовската полиција направи акција на северот каде се затворени паралелните српски општини. На ова реагираа Србите и велат дека се плашат. 

Косовската полиција објави дека спровела акција за затворање на објекти користени од паралелни структури управувани од властите во Србија во косовските општини на северот од државата, населен со мнозинско српско населени, јави дописникот на МИА од Приштина.

Министерот за локална самоуправа во косовската Влада, Елберт Красниќи кажа дека се затворени пет паралелни општини.

Красниќи на неговата страница на Фејсбук напиша дека сега веќе нема да функционираат паралелните општини: Округ Косовска Митровица, паралелната општина Митровица, како и општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

„Денеска, по блиска координација меѓу институциите на Република Косово, затворени се паралелните нелегални институции на локалната самоуправа, кои работеа по директиви на Србија, кршејќи ја уставноста и законите на Република Косово“, напиша Красниќи.

Косовскиот министер, кој доаѓа од редовите на партиите на немнозинските заедници во Косово, изјави дека „институциите на Република Косово нудат услуги за сите граѓани, без разлика на нивната припадност. 

„Во ниту еден простор на нашата Република нема место за незаконско работење и паралелни служби“, порача Красниќи.

Заменик-директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани изјави дека во канцелариите кои денеска се затворени се издавале фалсификувани документи.

Српскиот политичар Александар Арсенијевиќ изјави дека српските граѓани се плашат од присуството на косовската полиција. Амбасадата на САД го осуди упадот. 

Косовските власти пред неколку месеци затворија други седум паралелни општини: во Призрен, Пеќ, Сува Река, Исток, Клина, Раховец и Драгаш.

Косово и Србија никако да ги нормализираат односите. Претставникот на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак смета дека постои ризик од дестабилизација на Западен Балкан, доколку страните не се вклучат во дијалогот и продолжат да преземаат некоординирани и итни активности. Србите бараат формирање на Заедница на српски општини, но тоа досега не се случи. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) АКО СТАПНЕ ВО СРБИЈА ЌЕ БИДЕ УАПСЕН: Српската полиција распиша потерница за косовскиот полицаец кој повреди матурант

(ВИДЕО) АКО СТАПНЕ ВО СРБИЈА ЌЕ БИДЕ УАПСЕН: Српската полиција распиша потерница за косовскиот полицаец кој повреди матурант

Соња која на 57 години ја роди ќерката Богдана во Скопје, сега прв пат се огласи: Еве како се снаоѓа со мало бебе во домот

Соња која на 57 години ја роди ќерката Богдана во Скопје, сега прв пат се огласи: Еве како се снаоѓа со мало бебе во домот

ЕДИ РАМА СЕ ГОРДЕЕ: Албанија урива рекорди со бројот на туристи

ЕДИ РАМА СЕ ГОРДЕЕ: Албанија урива рекорди со бројот на туристи

(ВИДЕО) ОРБАН ЗА ВУЧИЌ: Не разбирам српски, но му верувам сто проценти

(ВИДЕО) ОРБАН ЗА ВУЧИЌ: Не разбирам српски, но му верувам сто проценти

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ НА КОСОВО: Полицаец му нанесе повреди на вратот на српски матурант

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ НА КОСОВО: Полицаец му нанесе повреди на вратот на српски матурант

ВУЧИЌ: Кога бевме мали, земав мајонез и магдонос и ги ставав во сендвич, нема поубаво

ВУЧИЌ: Кога бевме мали, земав мајонез и магдонос и ги ставав во сендвич, нема поубаво

СНЕГ ВО ХРВАТСКА: Заладувањето пристигнува на Балканот

СНЕГ ВО ХРВАТСКА: Заладувањето пристигнува на Балканот

АЛБАНИЈА ГРАБИ НАПРЕД: Oтвора уште еден кластер во преговорите за пристапување во ЕУ

АЛБАНИЈА ГРАБИ НАПРЕД: Oтвора уште еден кластер во преговорите за пристапување во ЕУ

ВО УЧИЛИШТЕ ВО СРБИЈА: Се урна таван, повреди ученичка

ВО УЧИЛИШТЕ ВО СРБИЈА: Се урна таван, повреди ученичка