Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Објавено во: Балкан 12 Декември, 2025 11:38
Парламентот на Бугарија со 227 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ денеска ја прифати оставката на владата н Росен Жељазков.
Тој вчера на итна конференција во Парламентот изјави дека владата поднесува оставка.
Оставката е дадена пред гласањето за недоверба на владата поднесена минатиот петок од партијата Промените продолжуваат – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) и поддржано со потписите на пратениците од Алијанса за права и слободи (АПС) и Морал, единство, чест (МЕЧ).
- Коалицијата ја разгледа ситуацијата. Не се сомневаме дека владата ќе добие поддршка на претстојното гласање за недоверба. Без оглед на тоа, одлуките на Народното собрание се важни кога ја одразуваат волјата на народот. Нашата желба е да бидеме на нивото што го очекува општеството. Моќта доаѓа од суверенот и гласот на народот. И младите и старите го кренаа својот глас за оставка. Оваа граѓанска енергија мора да се поддржи и охрабри, истакна вчера Жељазков.
Оставката следеше по големите протести, предизвикани од контроверзните буџетски планови на владата. Бугарската Влада на крајот на ноември го повлече нацрт-буџетот, што веќе беше доставен до Парламентот, по масовните протести на партиите и синдикатите ширум земјата и предупредувањето од Европската комисија дека нацрт-буџетот не е во согласност со буџетските правила на ЕУ.
Протестите ескалираа во општо незадоволство поради корупција, неправда и неуспех во многу сектори од работата на владата.
Жељазков беше избран за премиер на 16 јануари со 125 гласа „за“, 114 „против“ и без „воздржани“.
Фото:МИАМожеби ќе ве интересира
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС
ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини
Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти
АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)




