19 Мај, 2024
0.0282

Акциска контрола: Кои угостителски објекти ги „чешлаше“ МВР и кој е приведен?

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Седум  угостителски објекти во главниот град синоќа беа мета на МВР.

При акциска контрола на полицијата легитимирани се над 20 лица а во притвор завршиле тројца.

Како што соопштија од полицијата, периодот кога се одвивала акцијата бил од 01:15 до 03:30 во гостителски објекти сместени во  градскиот парк и неговата поблиска околина.

Меѓу приведените е и 44 годишен сопственик на  угостителски објект со иницијали О.У а приведени се и 25 годишно момче кај кое е најдено огнено оружје пиштол „Берета“ со рамка со 10 (десет) куршуми и 33 годишниот И.Р. кај кого полицијата нашла прашкаста материја.

Полицијата тврди дека сопственикот на угостителскиот објект кој е приведен одбил да ја почитува наредбата издадена од полициските службеници и се спротиставил на превземање на службени дејствија.

При акцијата затекнати се и шест малолетници кои завршиле во ПС Карпош поради утврдување на идентитет.

Кај пет лица кои работеле како обезбедување било утврдено дека не поседуваат лиценци.

Од страна на Државниот инспекторат за труд, во сите контролирани угостителски објекти констатирано е дека работат без соодветна документација за вршење на угостителска дејност издадена од Министерство за економија на Република Македонија , додека од страна на УЈП во два угостителски објекти констатирана е разлика во прометот во готово и прометот во фискалните каси, по што на истите им е изречена забрана за вршење дејност во траење од 15 денови.

Регистрирано е и едно кривично дело „Напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“ при што се повредени двајца полициски службеници.

Како што информира МВР, при приведување поради сомнение за претходно нарушен јавен ред и мир, лицата С.М (34) и Б.С (18), двајцата од Скопје физички ги нападнале униформираните полициски службеници, при што им нанеле телесни повреди.

Лицата се лишени од слобода и против истите ќе биде поднесена кривична пријава по член 383 од КЗ на Република Македонија.

За спроведувањето на акциските контроли, како што информираат од МВР, направена е претходна проценка за бројот на присутни лица, како и околностите во кои тие се спроведуваат, заради што се ангажирани соодветен број на полициски службеници кои постапувале согласно процедурите и законските одредби. Доколку се воочат евентуални недоследности, Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди ќе превземе соодветни мерки. 


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“