Ако Милошевиќ го прифатеше Рамбује, НАТО немаше да реагира, вели Кларк
Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2021
НАТО бомбардирањето на Југославија можело да се спречи.
Ако некогашното југословенско раководство го прифатеше договорот од Рамбуе веројатно нема да дојде до спроведување на акцијата на НАТО, изјави за Гласот на Америка пензионираниот генерал Весли Кларк.
Вели дека со интервенцијата било стопирано, како што тврди, етничкото чистење кое се случувало во тој момент, а дека на граѓаните на Косово им била пружена прилика да воспостават безбедност и демократија. Пензионираниот американски генерал, меѓутоа, смета дека „работата сè уште не е завршена“, бидејќи и понатаму има тензии меѓу Србија и Косово, а кажа и дека тензии има и меѓу Бугарија и Македонија, и на целиот Балкан. Тој тврди дека „договорот понуден на претседателот Слободан Милошевиќ во основа бил идентичен на договорот предвиден за Босна и Херцеговина“. Оцени дека Милошевиќ „се вообразил“.
Агресијата на НАТО врз тогашна Сојузна Република Србија почна на 24 март, а заврши на 10 јуни 1999 година.foto EPA-EFE