15 Мај, 2024
0.0253

АКО ПАТУВАТЕ ТАМУ ПАЗЕТЕ СЕ: 5-те европски градови, во кои е најверојатно да ве ограбат!

Објавено во: Стил 02 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Џебџиските банди во Европа ги претворија кражбите во цело искуство. Тие се неверојатно вешти и користат различни методи на одвраќање, за да ги извлечат паричниците на туристите од под нивните носеви.

„Веќе не зборуваме за традиционалното „грабни и трчаај“. Крадците измислуваат се повеќе софистицирани шеми. Луѓето треба да бидат особено внимателни кога посетуваат популарни објекти, околу кои секогаш има толпа“, вели Кристин Петерсон, главен маркетинг менаџер на најголемиот туристички сајт - TripAdvisor. Од платформата информираат и кои се петте европски градови во кои е најверојатно да станеш жртва на крадци на паричници:

Барселона

Освен со неверојатна архитектура и историја, шпанскиот град е познат и по тоа што е светската престолнина на Џебџиските банди . Секој ден таму се случуваат повеќе од 300 кражби.

Париз

Француската престолнина е најпосетениот град на планетата, затоа не е чудно што ги привлекува крадците. Тие се толку многу што минатата година персоналот на познати туристички објекти ги затвориле на еден ден во знак на протест дека полицијата не прави доволно за совладување на ситуацијата.

Мадрид

Таму пребкувањата на џебови се случуваат не само околу знаменитостите, но често и во градскиот транспорт. Пред неколку години бандата џебџии дури станала позната под името „Босанскиот клан“. Четирите жени биле исклучително вешти и одговорни за 40% од кражбите во Мадридското метро.

Прага

Специјалното во прекрасната чешка престолнина е дека повеќето крадци дејствуваат сами, а не во групи. Омилено место им е Карловиот мост.

Рим

Властите ги одредуваат џебните кражби во Рим како „епидемија“. Голем ризик од кражби има околу сите најпопуларни туристички објекти.