АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува многу нестабилно време со чести врнежи и грмежи – Можно е невреме, додека температурите ќе бидат под просекот за средината на Мај
Објавено во: Македонија 13 Мај, 2024 12:52
Денес попладне особено во западните и во југозападните предели од државава ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Температурите денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Во Скопје и околината очекуваме претежно стабилна Атмосфера, а температурата денес во Скопје ќе се искачи до околу 25 степени.
Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, утре и во среда на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Утре попладне на повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна појава и на невреме.
Што се однесува до температурите , од утре до четврток тие ќе бидат под просекот за средината на месец Мај и ќе се искачуваат во интервалот само од 12 до 20 степени. Само во најтоплите централни и југоисточни предели тие можно е да се искачат малку над 20 степени. Појава на локален дожд ќе има и во четврток.
За време на овој влажен бран, локално се очекува да наврне поголемо количество на воден талог (над 20 л/м2).“ вели тој.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




