03 Јули, 2024
0.0321

Ако патувате во Грција како турист носете си пари во кеш

Објавено во: Балкан, Економија 28 Април, 2015

Добивај вести на Viber

На туристите во Грција им се препорачува да носат евра во банкноти и монети, во случај должничката криза на земјата да се влоши и локалните банки да ги извадат од употреба банкоматите.

Од грчкиот туристички совет во Лондон изјавуваат дека иако не се предвидуваат неодамнешни проблеми, посетителите на земјата не треба да се потпираат само на кредитни картички или на локалните банкомати.

Патниците треба „да носат доволно пари за покривање на императивните трошоци и секакви неочекувани одложувања на плаќања по електронски пат“, ја дополнуваат оваа информација од британското Министерство за надворешни работи.

Туристички експерти советуваат патниците да располагаат со готовина, со која ќе можат да ги покријат трошоците за период меѓу три и пет дена, но да носат и кредитни картички.

Грчката економија се приближува кон банкрот, откако вчера европските финансиски министри ја отфрлија програмата за големата спасувачка програма како продолжение на активностите преземени во 2010 и 2012 година. Преговорите со владејачката радикална партија СИРИЗА застанаа, бидејќи владата одбива да воведе нови строги рестриктивни мерки.

Економистите се согласуваат дека ако биде одбиено итното финансирање за покривање на летните должнички плаќања, Грција може да ја избере опцијата за излез од еврозоната. Такво сценарио, освен дека би предизвикало хаос на финансиските пазари, може да доведе до масовно повлекување на пари во кеш од банките кои би го прекинале функционирањето на банкоматите, велат експертите.

Боб Аткинсон од „Travelsupermarket.com“ потсетува дека во Кипар во 2013 година спасувачките мерки ги ограничија банките за влечењето на пари, а некои продавници и ресторани не прифаќале плаќање со кредитни картички.

„Ако во наредните неколку недели некој ќе патува до Грција, по веста проверувајте ги официјалните совети кон туристите и секогаш се потпираат на различни начини за плаќање на нивните сметки“, додава тој.

Од грчката национална туристичка организација велат: „Не очекуваме никакви проблеми со банкарскиот систем во Грција - работите се како и обично. Ние би ги советувале туристите кои одат на одмор да прават комбинација од готовински плаќања, со дебитни и кредитни картички, како што ги прават тие кога патуваат во која и да е земја“.

Можеби ќе ве интересира

УЛИЦИТЕ КАКО РЕКИ: Невреме го зафати Пирот

УЛИЦИТЕ КАКО РЕКИ: Невреме го зафати Пирот

ИМА ДВЕ ЖРТВИ: Луѓе загинаа во силното невреме во Црна Гора

ИМА ДВЕ ЖРТВИ: Луѓе загинаа во силното невреме во Црна Гора

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ЦРНА ГОРА: Налетите на ветерот достигнаа 200 километри на час, две лица загинаа

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ЦРНА ГОРА: Налетите на ветерот достигнаа 200 километри на час, две лица загинаа

„ВОДОПАД ВО БЕЛГРАД“ - моќен порој ОДНЕСЕ АВТОМОБИЛ! Вода блика од становите, ова досега не е видено во соседството (ВИДЕО)

„ВОДОПАД ВО БЕЛГРАД“ - моќен порој ОДНЕСЕ АВТОМОБИЛ! Вода блика од становите, ова досега не е видено во соседството (ВИДЕО)

„ГОВАЧИ ЧИСТАТ ТОАЛЕТ, ДВАЈЦА СПИЈАТ ВО ИСТ КРЕВЕТ“ Сезонските работници во Хрватска живеат во катастрофални услови

„ГОВАЧИ ЧИСТАТ ТОАЛЕТ, ДВАЈЦА СПИЈАТ ВО ИСТ КРЕВЕТ“ Сезонските работници во Хрватска живеат во катастрофални услови

СТРАОТНИ СЛИКИ ОД ХРВАТСКА: Суперклеточниот вртлог направи хаос

СТРАОТНИ СЛИКИ ОД ХРВАТСКА: Суперклеточниот вртлог направи хаос

ХАОС НА БОГОРОДИЦА: Долги редици возила чекаат за излез од земјава, вчера се чекале неверојатни пет часа!

ХАОС НА БОГОРОДИЦА: Долги редици возила чекаат за излез од земјава, вчера се чекале неверојатни пет часа!

БРОЈНИ ПРЕКРШОЦИ ГО ОЗНАЧИЈА ПОЧЕТОКОТ НА СЕЗОНАТА НА ХАЛКИДИКИ: Движењето „пешкири“ со полни раце работа

БРОЈНИ ПРЕКРШОЦИ ГО ОЗНАЧИЈА ПОЧЕТОКОТ НА СЕЗОНАТА НА ХАЛКИДИКИ: Движењето „пешкири“ со полни раце работа

УШТЕ ЕДНА ДРАМА ВО ГРЦИЈА: Овој пат се изгуби петгодишниот Игор, за среќа успешно беше пронајден

УШТЕ ЕДНА ДРАМА ВО ГРЦИЈА: Овој пат се изгуби петгодишниот Игор, за среќа успешно беше пронајден