03 Јули, 2024
0.0253

Косовска компанија завладеа со пазарот со млазно гориво во Македонија

Објавено во: Економија 01 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Косовската компанија од Приштина, „Екс Фис“, по неколкугодишни обиди, го презеде приматот на снабдувач на млазно гориво за авиони во Македонија.

Фирмата е регистрирана од истоимениот сопственик од Косово во 2013, а првата лиценца за трговија со млазно гориво ја има добиено во 2016, но првата активна година на работа била 2023.

Седиштето, како и складиштата за точење на ова гориво на „Екс фис“ се наоѓаат на скопскиот аеродром. Има и еден резервоар-подружница во Босилово, но според издадените лиценци од Регулаторната комисија за енергетика, барањето во 2018 за употреба на ова складиште било одбиено.

Остварените приходи минатата година се 20 милиони евра од продажба на горивото за воздухоплови, а растот е неверојатни „60.409.562 проценти“, што укажува дека претходната година практично била неактивна. Добивката е 800.000 евра, или поточно 48.616.705 денари. 

Менаџер е Фатбард Мухареми, дипломиран економист од Косово. Бројот на 15 регистрирани работници се зголемил за 200 отсто за една година. Лиценцата што ја поседува  оваа компанија е за „транспорт и трговија на големо со гориво за млазни мотори (ЈЕТ А-1)“.

„За вршење на енергетската дејност ќе се користат 2 надземни резервоари меѓусебно поврзани, секој со волумен од по 50 m3 , преку кои ќе се врши дотур на гориво за млазни мотори ГМ-1 (ЈЕТ А-1) во кругот на Аеродромот Александар Велики, на локација ИЛ 848 за КО Мралино за КП 1/11. Носителот на лиценцата е должен во секое време да поседува или да има обезбедено право на користење на склад во кој се складира гориво за млазни мотори (ЈЕТ А-1), со капацитет определен со прописите со кои се уредува трговијата со нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт“, запишано е во описот на издадената лиценца во 2021.

Досега единствен познат во јавноста снабдувач на млазно гориво во земјата беше „Макпетрол“. Пред три месеци при објавувањето на билансот на годишниот успех акционерското друштво подвлече дека има пад на приходите во 2023 поради намалената продажба на природен гас и на млазно гориво.

„Екс Фис“ истовремено е увозник на деривати во земјата и со својата дејност учествува со околу 1,5 проценти во целокупниот увоз на сите видови на горива во земјата. Подобри од него биле само „Окта“, „Супертрејд“, „Лукоил“ и „Омпетрол“ на ниво на цела Македонија. А.К.


Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30 души, сега ќе одат по двајца

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30 души, сега ќе одат по двајца