03 Јули, 2024
0.0291

АРБИТРАЖА ТЕШКА НАД 40 МИЛИОНИ ЕВРА, СКАПА ОПРЕМА КОЈА СТОИ ВО ПОДРУМ: бројни забелешки за недовршените болници во Скопје и Штип

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Покренати две арбитражи тешки над 20 милиони евра поради раскинување на договори без почитување на одредбите, пропаднат грант поради неискористени заеми и откажани договори, набавена опрема за неизградени објекти, од која дел седи во подрум 10 години... Ова се дел од проблемите кои се посочени во ревизорскиот извештајот на Државниот завод за ревизија на темата „Реализација на капиталните инвестиции финансирани преку Буџетот, ЕУ фондови и други меѓународни институции“.

Потсетуваат дека ноември 2013 година со поддршка на Банката при Советот на Европа изработена е физибилити студијата за Рехабилитација на здравствени установи во Македонијa.

-  Модернизирање на комплексот клиники „Мајка Тереза“– Скопје и Клиничката болница во Штип е проценета на 156,6 милиони евра, а 94 отсто (63 отсто згради и 31 процент опрема) од трошоците на проектот се за прашања кои ќе ги подобрат условите за пациентите. Проектот е финансиран преку заем од Банката на Совет на Европа потпишан од Министерството за финансии, но и со средства од буџетот – објаснуваат ревизорите.

Во договорот за заем проектот е проценет на 176 милиони евра, a заемот е на износ од 97 милиони евра и тоа:

-  Изградба на Клинички центар Скопје вредна 128 милиони евра и Регионална болница Штип 48 милиони евра. Во август 2018 Министерство за здравство се откажало од Проектот за изградба и модернизација на Клинички центар Мајка Тереза поради што заемот за Компонента I е откажан. Заемот за изградба на болницата Штип е на износ од 26,9 милиони евра, а вредноста на проектот проценета на 49,3 милиони евра, од кои 55 отсто се заем, а 45 проценти или 22 милиони евра од Буџетот – укажуваат ревизорите.

Изградбата на Регионална Болница во Штип е прекината поради раскинат договорот со изведувачот во јули 2023 година.

ОГРОМНИ ТРОШОЦИ ЗА РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

Ревизорите напоменуват дека поради откажување на проектите има високи фискални ризици поради покрената арбитража во износ од 23,5 милиони евра за Клинички Центар Скопје за отштетни побарувања. Неизвесна е и болницата во Штип за која е покрената арбитража во износ од 22 милиони евра за раскинат договор.

-  Во август 2018 година, Договорот за изградба на Клинички центар Скопје еднострано е раскинат од Министерството за здравство, со образложение дека се откажува од изградбата на проектот на тековната локација, а во дописот се повикуваат на клаузула - право на работодавачот за раскинување за погодност. Ревизијата утврди дека не е ангажиран Одбор за решавање на спорови – нагласуваат ревизорите.

Посочуваат оти изведувачот поради еднострано раскинување предупредил на правни и финансиски импликации. Во октомври 2018 на барање на изведувачот вратена е банкарската гаранција, а потоа побарал наплата на побарувања од 8,5 милиони евра. Во 2019 неколку пати е доставен предлог за спогодбено решавање на побарувањата, па Министерство ја информира Владата и Координативното тело за следење арбитражни постапки за раскинување на договорот и предложено е решение на проблемот за да се избегнат трошоците од арбитражна постапка. Во март 2022 година изведувачот испратил предлог за спогодба, а во септември преку правни застапници доставил барање за исплата на побарувања пред покренување на арбитража.

-  Поради немање одговор од Владата за спогодбено решавање, на 20.12.2022 година покрената е арбитражна постапка со вредност од 18 милиони евра од главниот изведувач. Изведувачот како дел од конзорциумот бара оштета на износ од 5,5 милиони евра. Барањето е прифатено од Меѓународната комора во Париз. По ова овластена е меѓународна адвокатската куќа да ги застапува во арбитражна постапка. Извесно е дека ќе има високи адвокатски трошоци и трошоци поврзани со арбитражната постапка. Во програмскиот период (2014-2020) преку Инструментот WBIF имало можност за добивање 70 проценти инвестициски грант за болници и здравствени центри. Поради одлука за раскинување на договор за заем можноста за користење грант е пропуштена – посочуваат ревизорите, и потсетуваат дека договорот за модернизација на Клинички Центар Мајка Тереза е раскинат поради нов проект на нова локација.

Но, за новата локација нема анализа на трошоци (cost benefit анализа), а вредноста на новиот проект за изградба на Клинички Центар согласно податоците во Единствената листа на проекти е проценета на 450 милиони евра. 

ШТИП ОСТАНА И БЕЗ БОЛНИЦА И БЕЗ КРЕДИТОР

Ревизорите го разгледувале и договор за изградба на Регионална клиничка болница Штип вредна 2.113.243 илјади денари со ДДВ. Изградбата на објектот е започна во март 2016 година со рок за завршување 25.03.2018 година. Во текот на изведбата се потпишани три анекси и одобрени три варијации, поради што вредноста е зголемена на 2.621.233 илјади денари со ДДВ. Во септември 2021 реализацијата изнесува 799.365 илјади денари или 30,5 отсто. Поради слабата динамика на градба во ноември 2021 откажани се средства од заемот. Во декември 2021 потпишан е анекс за продолжување на рокот до јуни 2023 година. Изведувачот доставил барање за промена на единечни цени согласно променетите услови на пазарот и корекција за цена со проценетата вредност на предложената варијација на износ од 464.527 илјади денари. Поради откажан заем, Владата го задолжила Министерството за здравство да предложи начин за склучување на предлог варијација согласно Закон за  јавните набавки.

На средината од минатата година Министерството за здравство доставило до Влада предлог за раскинување на договорот, бидејќи изведувачот отвора стечај. Се предлага раскинување на договорот поради истек на рок и неисполнување на обврските и активирање на банкарските гаранци. На 29.06.2023 како резултат на неисполнување на договорните обврски Министерството еднострано го раскинува договорот и извршена е наплата на банкарските гаранции и тоа: - банкарска гаранција за аванс на износ од 103.840 илјади денари; - банкарска гаранција за квалитетно извршување на работите на износ од 826.000 евра и -банкарска гаранција за квалитетно извршување на работите на износ од 3,5 милиони евра.

Министерството во соработка со БЈН треба да изготви нова тендерска документација за завршување на објектот, за што потребни се 30 милиони евра. Во болницата е вградена опрема, механичка и електрична инсталација, клима уреди и сл. која согласно Протоколот за примопредавање изнесува 69.387 илјади денари. Изготвен е записник и за доставената, но не монтирана опрема и материјали, испорачана е во текот на важење на договорот. Опремата се однесува на машински и електрични инсталации со вкупна вредност од 8.079 илјади денари.

АКЦЕЛАТОРОТ ВО ПОДРУМ, МОЖЕ ДА БИДЕ И ЏАБЕ КУПЕН

Што утврдија ревизорите за набавената медицинска опрема пред да започне проектот, посочена во физибилити студијата во вредност од 8 милиони евра, од кои 6,4 милиони евра опрема за болницата и 1,6 милиони евра за линеарен акцелератор? Набавениот акцелератор поради не создадени услови за негово поставување не е предаден во болницата, не се употребува и се доведува во прашање неговата употребна вредност по 10 години од набавката, укажуваат ревизорите.

Истакнуваат дека не добиле документација за локацијата на акцелераторот и покрај  барањата. Доставена е дел од документацијата за набавка и локацијата на акцелераторот, за што извршиле увид на лице место. Со теренскиот увид утврдиле дека: „деловите спакувани во кутии се наоѓаат во склад, сопственост на правно лице за што не е доставен Договор за складирање и чување, од кој може да се видат условите под кои истиот е сместен кај ова правно лице, негово складирање и чување, надомест за услугата како и рокот за негово складирање и чување во овој склад“. Документите потврдиле совпаѓање на податоците во испратницата и ознаките на кутиите во кои се наоѓаат деловите од акцелераторот. Притоа напоменуваат дека поради одолговлекување на изградбата на болницата постои ризик од губење и оштетување на опремата, како и нејзина застареност и нефункционалност.

-  Во јануари 2024 година од страна на изведувачот покрената е арбитражна постапка со отштетни побарувања во износ од 22 милиони евра. До денот на ревизијата Болницата не е изградена иако од почетокот на градбата поминати се 7 години. До денот на ревизија не се обезбедени финансиски средства и не е направена конструкција за финансирање до целосна изградба на Болницата. Поради покрената арбитражна постапка постои ризик од финансиски импликации врз Буџетот за плаќање на отштетни побарувања, трошоци за арбитража како трошоци за адвокатски услуги – нагласуваат ревизорите.

П.О. 

Фото: Архива/ Проекција за болницата Штип

Можеби ќе ве интересира

КРАЛЕВИ, АМБАСАДОРИ, ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ГО ИМААТ ВО СВОИТЕ КОЛЕКЦИИ: Странците не жалат пари за охридскиот бисер

КРАЛЕВИ, АМБАСАДОРИ, ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ГО ИМААТ ВО СВОИТЕ КОЛЕКЦИИ: Странците не жалат пари за охридскиот бисер

„КОЛКУ СЕ ГЛУПИ ГРЦИТЕ, АКО БУГАРИЈА ИМ Е ПРИМЕР, НЕ СЕ МНОГУ ЗА ФАЛЕЊЕ“: Најчевска распали за нашиот сосед

„КОЛКУ СЕ ГЛУПИ ГРЦИТЕ, АКО БУГАРИЈА ИМ Е ПРИМЕР, НЕ СЕ МНОГУ ЗА ФАЛЕЊЕ“: Најчевска распали за нашиот сосед

ЈА ВРАТИЈА ОГРАДАТА, СЛЕДНО Е ИМЕТО: Петровска вели тргнал возот

ЈА ВРАТИЈА ОГРАДАТА, СЛЕДНО Е ИМЕТО: Петровска вели тргнал возот

ШТО Е СПОРНО ВО НАЈАВАТА ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ? Тренчевска вели ВМРО едно ветила друго прави

ШТО Е СПОРНО ВО НАЈАВАТА ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ? Тренчевска вели ВМРО едно ветила друго прави

ГРУЕВСКИ ГИ КАЖА ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОПИСОТ ВО АЛБАНИЈА: Вели добил информации од македонското население таму, нашите биле вознемирени

ГРУЕВСКИ ГИ КАЖА ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОПИСОТ ВО АЛБАНИЈА: Вели добил информации од македонското население таму, нашите биле вознемирени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ги објави кадровските решенија, се враќа и оградата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ги објави кадровските решенија, се враќа и оградата

РАДЕВ ДО МИЦКОСКИ: Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да се имлементира, a не да се ревидира

РАДЕВ ДО МИЦКОСКИ: Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да се имлементира, a не да се ревидира

ЦУК: Падна дел од фасада на зграда на булеварот Јане Сандански во Аеродром

ЦУК: Падна дел од фасада на зграда на булеварот Јане Сандански во Аеродром

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Оградата од ковано железо се враќа пред објектот

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Оградата од ковано железо се враќа пред објектот