Добивај вести на Viber
Ако „Сахара груп" не ги предаде тапиите на своите имоти вредни околу 4 милијарди долари, на регулаторното тело СЕБИ во рок од три недели, тогаш Субрата Рој и другите директори не можат да ја напуштат земјата без негова дозвола. Ова го побара Врховниот суд кој порача дека парите мора да се платат, и дека повеќе не можат да веруваат во компанијата", пренесе „Утрински весник“.
„Нема бегање и парите мора да се платат. Си дозволивте премногу да се криете, веќе не можеме да ви веруваме", соопшти судот.
Крајниот рок кога „Сахара" треба да ги предаде документите за сопственост на СЕБИ е 11 ноември, а Врховниот суд ќе го разгледува случајот на 20 ноември.
Претходно, Врховниот суд побара од „Сахара“ и СЕБИ да изнајдат механизам со кој на ќе бидат вратени околу 4 милијарди долари на измамените инвеститори.
Вчера судот ги разгледуваше петициите поднесени од СЕБИ против Рој, двете фирми и нивните директори поради невраќање на парите на инвеститорите во рок, ги пренесува „
Утрински“ објавите во индиските весници.