Ако се одложат изборите, во Македонија ќе има политичка криза?
Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2020
Земјата влегува во неизвесен период.
Доколку не се распушти Собранието, Македонија ќе влезе во нова криза.
Ова е ставот на претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев дека бега од избори.
Мицкоски инсистира Собранието да се распушти на 12 февруари.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски повика да надвладее разумот и да се донесе Законот за јавно обвинителство.
Спасовски синоќа во интервју за Телма изјави дека се надева дека изборите ќе се одржат на 12 април. Нагласи дека општиот интерес е најважен.И Заев претходно изјави дека Собранието нема да се распушти предизборно додека не се изгласаат реформските закони, меѓу кои и тој за Јавното обвинителство.
ВМРО-ДПМНЕ бара нов закон за ЈО изготвен од професори.
Спикерот Талат Џафери вчера посочи дека Собранието би можело да се распушти најдоцна 51 дена пред одржување на изборите.
Откако минатата година во Брисел, Македонија не доби датум за преговори со ЕУ, падна договор за одржување на избори во април. Сега изборите стануваат неизвесни. Од ЕУ бараат што поскоро да се донесе Законот за ЈО.