Активисти алармираа дека мигрантите се соочуваат со насилство во Бугарија
Објавено во: Балкан 13 Ноември, 2015 11:20
Групите за човекови права алармираа дека мигрантите кои минуваат низ Бугарија, се соочуваат со тепање, закани и други манифестации на насилство од страна на полицијата, иако бугарската агенција за бегалците тврди дека не добила слични жалби.
Бегалците од Авганистан, Сирија и Ирак објавија за изнудување, грабежи, насилство, закани за депортација и пуштање на полициските кучиња, се вели во истражувањето на Белградскиот центар за човекови права, финансиран од „Оксфам“.
Портпаролот на бугарското Министерство за внатрешни работи одбил да ги коментира информациите, велејќи дека може да даде изјава за случувањата во наредните денови.
Во извештајот се наведува дека голем дел од актите на полициско насилство се случиле во јужните региони на Бугарија, кои граничат со Турција, во центрите за притвор во внатрешноста на земјата, како и во северозападната граница со Србија.
„Двајца Авганистанци тврдат дека бугарски полицајци пукале во нив и ги повредиле“, се вели во извештајот на утврдена група во Србија.
Можеби ќе ве интересира
Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај




