АЛАРМ ВО ТУРЦИЈА: Автомобилската индустрија ќе биде жртвено јагне
Објавено во: Економија, Балкан 25 Август, 2018
Судирот меѓу Америка и Турција веќе создава проблеми.
Поради колапсот на лирата и тензиите кои растат, автомобилската индустрија се соочува со сериозни проблеми.
Изминативе години производството на автомобили растеше, и достигна 1.5 милиони годишно, но сега е вклучен алармот.
Пет големи производители работат во Турција.
Извозот на турската автомобилска индустрија оваа година, бил 30 милијарди долари, и тоа е најголем удел од било која друга индустрија во земјата.
Падот на лирата го прави извозот конкурентен, но деловите ќе бидат поскапи.