Добивај вести на Viber
Скопје, Тетово, Кичево, Битола - ова се градовите во кои утрово е регистриран најзагаден воздух со штетни честички ПМ10. Од скопските населби, концентрацијата е исклучително висока во Лисиче и Центар.
Мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, покажуваат присуство на ПМ10 во Тетово од 234 микрограми на метар кубен, мерната станица во Лисиче покажува 151, во Центар 113, кај Ректорат 102, во Битола 106 и во Кичево 147 микрограми на метар кубен.
Дозволеното присуство на ПМ 10 четичките е 35 микрограми на метар кубен.
Како мерки за намалување на загаденоста, од Министерството за животна средина препорачуваат граѓаните да користат јавен превоз, да не се користат возила без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, како и правилно користење на печките за дрва.
Од Институтот за јавно здравје, пак, препорачуваат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.