AЛАРМАНТНО: Скоро 2 милиони сакаат да се иселат од земја во регионот
Објавено во: Балкан 12 Декември, 2018
Соседна Албанија сакаат да на напуштат 1,7 милони жители.
60 отсто од албанските граѓани би ја напуштиле земјата доколку им се укаже и најмала можност за тоа, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот за истражување на јавното мислење, Галуп.
Ова ја става Албанија на четврто место меѓу државите во светот од кои граѓаните сакаат да емигрираат, зад афрканските земји Сиера Леоне, Либија и Хаити, каде нивото на сиромаштија се движи од 54 до 70 проценти.
Како што јави дописникот на МИА, од падот на комунистичкиот режим во 1990 година, Албанците масовно ја напуштаат татковината и тој тренд и натаму е подеднакво присутен. Ова е феномен кој ја загрозува иднината на економијата, а ги загрижува и меѓународните институции.
Се смета дека Албанија по 1990 година ја напуштиле околу 1,5 милиони лица, од кои најголем процент се иселиле во Грција и Италија, а потоа следуваат САД и Канада.