Албански емигранти со камења ја нападнаа француската полиција кај Ла Манш
Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2022
Албански имигранти кои се обидувале со гумени чамци да заминат во Обединетото Кралство преку Ла Манш во Франција се судриле со француската полиција. Групата албански имигранти се судрила со полицијата во селото Гравелин кај Данкерк.
Јавните службеници од францускиот ЦРС оштетиле најмалку два гумени чамци на мигрантите пред да заминат, пишува Дејли Мејл.
Исфрустрирани, мигрантите почнале да фрлаат со камења и гранки од дрвја кон полицајците, кои употребиле солзавец за да ја растераат толпата.
Викендов се очекува да заминат голем број чамци, откако лошите временски услови во земјата ги спречија мигрантите да го преминат Ла Манш од 31 октомври.
Албанската заедница во Англија денес започна протест на мостот Вестминстер, во близина на парламентот.
Секретарката за внатрешни работи Суела Браверман како пример во парламентот на Велика Британија ги спомена само Албанците „кои пристигнуваат со гумени чамци“, а не и останатите 11 националности од околу 40.000 луѓе кои годинава пристигнале на англискиот брег.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.