26 Април, 2024
0.0299

Александар Новаковски за тоа што е потребно за да се намали цензусот за референдумот

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новаковски, бара да се промени правната рамка за спроведување на референдум, односно да може истиот да успее без при тоа одлуката да биде загрозена од неизлезност.

„За да се промени цензусот треба промена на Законот за референдум и граѓанска иницијатива“, вели поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски за Дојче Веле. Но, тој посочува дека и самиот Закон за референдум е прилично застарен и неусогласен со други закони, поради што неопходни се итни измени.

„Законот за референдум и граѓанска иницијатива е застарен и содржи само основни одредби. Тој не е усогласен со Копенхашкиот документ и Советот на Европа. Законот е нејасен. Треба да содржи детални одредби околу спроведување на референдум или јасно да упатува на примена на членови од други закони. Во него треба да се вклучат одредби за јавната пропаганда, бидејќи одредбите од Изборниот законик не може да се применат во оваа област. Треба детално да се одреди улогата на Собранието. Да се усогласи со Изборниот законик во деловите кои се однесуваат за референдум. Да се прецизираат одредбите за набљудување и овластени преставници. Во целиот овој контекст ќе се дискутира и прашањето за цензус, предлагачи, овластени претставници. Да не се остави простор ДИК со подзаконски прописи да се справува со овие дилеми, туку да биде само технички организатор“, порачува Новаковски.

Според него, во случајов тоа е многу важно, бидејќи се  работи за одлучувачки референдум и тој е задолжителен.

„Некои сакаат да толкуваат закони според досегашните референдуми на државно ниво, но тоа е сосема несоодветно. Владата треба итно да предложи измени на Законот во скратена постапка, но да се прецизира секоја одредба. Сите коментари кои ги слушам прават забуна, па може да замислите што ќе се случува ако се оди на референдум без измени. Тогаш значи дека се остава простор за сѐ“, предупредува поранешниот претседател на ДИК.


Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите