29 Април, 2024
0.0280

Алексов: Нема кој друг да му даде пари на Собранието за кампањата

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација МОСТ која веќе 16 години ги набљудува сите изборни процеси во земјава. за РСЕ вели дека е легитимен потегот на Собранието на РМ да му се даде пари за референдумска кампања од државниот буџет затоа што инаку нема кој друг тоа да го финансира.

- Не постои трета страна која би можела да му даде пари на Собранието, кое пак е единствен носител на референдумската кампања како официјален предлагач и распишувач на граѓанското изјаснување. Ако е од јавен интере, тоа е добро што на тој начин се финансира, а од друга страна таму има повеќе од една опција за тоа како треба да се гледа на референдумот и сите тие гледишта имаат право на тие јавни средства. Кога Собранието е организатор на кампањата, не може да очекуваме средствата да доаѓаат од некоја трета страна. Со тие пари се застапуваат сите опции на информираност на граѓаните, односно нема еднострано информирање. 

Сите оние кои се дел од тој процес имаат за задача на граѓаните наједноставно и најпрецизно да ги информираат за сите аргументи зошто би требало да гласаат за или против и адекватно на тоа граѓаните информирано да излезат и да гласаат според сопствено убедување, повикува Аексов.

Тој додава дека бојкот на еден референдум може да се организира, но не смее да има притисоци.

- Не смее да има закани, уцени и физичо насилство, се друго е во рамките на дозволеното. Притисоци за неизлегување на референдумот не смее да има и соодветните институции тоа треба да го адресираат - смета Алексов. 

Можеби ќе ве интересира

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени