Алфано: „Го поздравувам развојот на македонската политичка ситуација“
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2017
Надеж дека во Македонија наскоро ќе има нова влада искажа и Италија.
Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка, Анџелино Алфано во изјавата пренесена до медиумите вели дека ја поздравува одлуката на претседателот Иванов да му го даде мандатот на лидерот на СДСМ.
„Ја ценам одлуката на Претседателот Г-динот Ѓорге Иванов, да му го довери мандатот за формирање на новата извршна власт на Г-динот Зоран Заев. Се работи за важен обид кој има за цел решавање на сегашната, тешка политичка криза. Се надеваме дека во Скопје наскоро ќе се формира нова влада поддржана од страна на парламентарното мнозинство и посветена на донесувањето на суштинските внатрешни реформи за брзо обновување на европскиот и евро-атлатнскиот пат на земјата“.
Алфано посочува дека сега Македонија ќе може да продолжи да смета на поддршката од Италија, која е актуелен претседавач на Процесот на Западен Балкан