Али Ахмети остана сам: Жалам што не дојдоа поканетите
Објавено во: Македонија 13 Август, 2020
ДУИ не е сила што може да биде отстранета само со една средба на Заев со Села и Гаши, рече Али Ахмети, претседателот на ДУИ, на денешната средба која ја закажа а на која што не дојде никој од поканетите преостанати лидери на албанските парламентарни партии.
Ахмети по вчерашните средби на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со лидерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива - Зијадин Села и Африм Гаши, рече дека преговорите за составување на Влада продолжуваат и јавноста ќе биде информирана кога ќе има напредок.
Али Ахмети на денешната несудена средба изрази жалење што не се одзваа на неговата покана Села и Гаши, како и претседателите на БЕСА и ДПА - Билал Какасми и Мендух Тачи, за како што рече тој, да се одбележи заокружувањето на нормативниот дел од Охридскиот рамковен договор, Уставните измени и Законот за јазици
- Може да има иднина оваа земја и може заеднички да се живее. Во овој значаен историски момент тие ја пропуштија можноста да бидат тука. Поканата беше пред една недела, за да донесеме заклучоци и да го слушнам нивното мислење, наведе првиот човек на „Интегративците“.
Ахмети рече дека нема повторно да свика нова средба, иако не одговори дали целта била да се зборува за можноста за Албанец премиер.
- Сите вие знаете, ДУИ е фактор на стабилност во државата. Ние сме свесни за изборите, ДУИ никогапш нема да делува ниту со еуфорија, ниту со фолклоризам, ниту со притисок, туку да најдеме стабилен пат за да ги надминеме сите потешкотиии, наведе Заев.