Алити: Гласав за двата предлог закони што ги поднесе СДСМ
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2016
Пратеникот од ДУИ, Рафиз Алити денеска по седницата во Собрание рече дека гласал за двата предлог закони кои ги поднесе денеска СДСМ, а беа одбиени при гласањето во Собранието.
Се работи за измените на Законот за заштита на сведоци и за продолжување на рокот на СЈО, измени кои ги бараше и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
„Не сакам опозицијата да има алиби дека ние не сакаме избори. Ние сме за тоа да има избори на 11 декември. ДУИ останува на ставот дека СЈО треба да ја врши својата работа и задача. Ние и другите партии сме им дале доверба и сметаме дека треба да работат според законот“ - вели Алити.
Овие два закони не поминаа денеска во Собранието.