19 Мај, 2024
0.0265

„Алкалоид“ работи со максимална искористеност на своите производни капацитети

Објавено во: Мои пари 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Компанијата „Алкалоид АД Скопје“ во моментов работи со максимална искористеност на своите производни капацитети и човечки ресурси кои ни се на располагање. 

Направивме реорганизација на сите процеси со цел да ги задоволиме барањата на македонскиот пазар за лекови, дезинфициенси, медицински алкохол, антисептици и останати средства со антибактериско дејство. 

Во моментов, заради големата побарувачка на дел од горе наведените производи и предизвиците со кои се соочуваме при набавка и транспорт на суровини и амбалажа од увоз, можно е да се јави застој во некој сегмент, но во никој случај нема да се дозволи прекин во снабдувањето на било кој од споменатите производи.

Согласно вонредните услови на функционирање во „Алкалоид АД Скопје“ и покрај отсуство на преку 150 наши вработени кои се ослободени од работа заради тоа што припаѓаат на ризичните групи, приоритет во снабдувањето со средства за дезинфекција и хигиена даде на болниците, здравствените домови и институциите кои функционираат во кризни услови. Доставата до веледрогериите (аптеките) и дистрибутерите (ланците маркети) можно е во овој период да се одвива со мал застој но тоа е првенствено заради неумерените набавки од страна на домаќинствата и очекуваме дека наскоро истото ќе се надмине.

Водени од начелата за корпоративна општествена одговрност, како и хуманата програмско-производна определба насочена пред сѐ кон крајните корисници „Алкалоид АД Скопје“ цврсто ќе остане на одлуката да не ги зголеми цените на ниту еден производ од било кој сегмент на своето производство независно од зголемувањето на цените на влезните суровини, логистичките и ресурсните предизвици со кои се соочуваме. Излезните цени на нашите производи, особено на лековите, дезинфициенсите, медицинскиот алкохол, антисептиците и останатите средства со антибактериско дејство се дистрибуираат согласно ценовниците кои важат од 1 февруари 2020 година и ќе останат исти.

Љубезно апелираме до целата јавност да се следат и најодговорно да се почитуваат препораките на Министерството за здравство преку нивните официјални канали на комуникација http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/ со цел да не се креира непотребна паника.

Во оваа прилика, би сакале да упатиме голема благодарност и желби за добро здравје на сите здравствени работници во земјава и на сите македонски граѓани, затоа што ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЀ!

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата