Добивај вести на Viber
Фармацевтската компанија „Алкалоид“, во периодот од први јануари до 30-ти септември, оствари нето добивка по оданочување во висина од над 423 милиони денари, се наведува во неревидираниот консолидиран биланс на успех, објавен на Македонската берза.
Вкупните приходи на продажба на компанијата, во овој период, се над 5,1 милијарди денари, од кои на домашен пазар се реализирани над 2,2 милијарди додека на странските пазари тие се на ниво од преку 2,8 милијарди денари.
Во периодот од почетокот на годината до 30-ти септември, во оваа компанија се реализирани 65 нови вработувања во земјава.