АМАЗОН: Револтот поради отпуштањата го натера вториот човек на Амазон да даде отказ
Објавено во: Економија 06 Мај, 2020
Во знак на револт, заменик претседателот на Амазон, Тим Бреј даде отказ, бидејќи не се согласува со отпуштањата на вработените во оваа компанија кои во периодов на пандемијата упатија јасни критики за условите на работа. Во текот на изминатата недела поради лошите услови за работа, недоволен број маски, немање проверка на температурата, платено боледување и така натаму, вработените во компанијата организираа штрајк.
По поднесувањето на отказот, Бреј изјави дека отпуштањата на работниците се само уште еден доказ за ужасниот однос на Амазон кон своите вработени.
-Отпуштањето на свиркачите не е само несакан ефект на макроекономските сили, ниту е суштински за функционалноста на слободниот пазар. Тоа е доказ за токсичност што постои во компаниската култура. Ниту сакам да го служам, ниту да го пијам тој отров.Ако останев заменик директор во оваа компанија, тоа ќе значеше дека се согласувам со постапката која ја презирав. Па поднесов оставка, вели Бреј.