18 Мај, 2024
0.0837

Амбасадор бара да се знае до каде е Србија, а до каде Косово

Објавено во: Балкан 01 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Амбасадорот на САД во Белград, Кајл Скот изјави денеска дека САД испраќаат јасен сигнал до сите на политичката сцена на Косово дека треба да се укине таксата од 100 проценти на стоки од Србија и од Босна и Херцеговина, како и дека треба да се продолжи дијалогот за нормализирање на односите со Србија за да се постигне сеопфатен договор.

Скот за белградска ТВ Прва вели дека е многу загрижен за мирот и безбедноста на Балканот, истакнувајќи дека е важно да продолжат преговорите меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската унија, кои се целосно поддржани од САД.

„Се согласувам со (претседателот на Србија Александар) Вучиќ, дека е важно да се вратиме на преговарачката маса и да се продолжи дијалогот, за да се постигне сеопфатен договор, изјави Скот, додавајќи дека одговорот на Америка на потезите на Приштина е обелоденет“ – укинување на таксите за стоки од Србија и од БиХ и враќање на преговарачката маса.

Тој оцени дека сегашната парализа во преговорите не помага и ризикува да се изгуби можноста да се постигне трајно решение.

„Одбележувањето на границата, каде завршува Косово, а каде почнува Србија треба да биде јасна… Затоа двете страни мора да седнат на маса и да се договорат“ – рече Скот.

Американскиот амбасадор во Србија, изјави дека секој евентуален договор бара компромис од двете страни, што треба да се постигне директно помеѓу преговарачите, кој не може да биде наметнат однадвор.

Според него, враќањето на преговарачката маса е во интерес на двете страни за да се надминат сите пречки и да се работи на договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

Американскиот амбасадор оцени дека на изразот демаркација, кој се појавува во јавноста, дадено му е премногу значење и дека тоа не е целта на преговорите, бидејќи ова прашање е само дел од договорот што се однесува на многу други значајни прашања како што се сопственост на имотите, платежниот промет, исчезнатите лица, воените злосторства.

Можеби ќе ве интересира

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!