09 Октомври, 2024
0.0414

Амбасадор купи „Фиќо“ - сега возилото има дипломатски таблици

Објавено во: Стил 12 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Автомобил „Фиќо” е дел од возниот парк на Амбасадата на Индонезија во Загреб, и доби дипломатски таблици.

Поранешниот сопственик Миљенко Ханжек се пофали на Фејсбук дека неговото црвено „Фиќо“ е првото во Загреб што добило дипломатски таблици.

„Пред неколку месеци минуваа и забележаа дека „Фиќото“ се продава. Господинот амбасадор дојде со својот возач, плати и си заминаа. Мене ми е многу драго што возилото е во возна состојба и би ми било драго ако дојде во нашиот клуб“ - раскажува човекот. 

На прашањето дали жали за возилото вели дека веќе „склопува” ново за себе.