03 Мај, 2024
0.0262

Амбасадорката Лин Лисјен: Македонскиот мермер се цени во Кина, се повеќе ја користиме македонската железница

Објавено во: Економија 12 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Амбасадорката на Кина во Македонија, Лин Лисјен, по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи на двете земји се4 осврна и на економско-финансиската соработка во бизнисот, трговијата и транспортот.

- Врз принципите на вин-вин соработката, двете земји постигнаа заеднички успеси и изградија одлична соработка. Од 2012 година до денес Кина станува најголемиот трговски партнер на Македонија надвор од Европа, разновидноста на трговијата исто така станува се побогата. На масите на Кинезите се појавува македонско вино, квалитетниот мермер од Македонија е оценет високо од кинеските корисници. А по македонските пруги, се возат кинески електрични локомотиви. Освен ова, со изградбата на Кинеско-Европски Копнено-Поморски Експресен Пат, возовите, натоварeни со кинески стоки, ја минуваат Македонија и заминуваат за другите земји во Европа. Се зголемува искористеноста на македонските железнички линии, и oд еднаш седмично има превоз дури до седумнаест пати седмично, што е значително зголемување на транспортот. А во иднина, низ македонските планини и рамнини, ќе поминуваат автопатите Миладиновци-Штип и Kичево-Oхрид. Сето тоа ја докажува вистинската корист и благосостојбата за двата народа и двете држави - рефереираше Лисјен.

Според дипломатот, односите се развиваат и на други ниво, особено во политиката, а тоа ќе продолжи со зближување преку проекти и настани и во иднина.

- Во рамките на соработката на Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа(16+1), се вбројува и продлабочувањето на заемната соработка помеѓу двете земји. Во март годинава во Скопје беше отворен Координативен центар за културна соработка меѓу Н.Р.Кина и земјите од Средна и Источна Европа. На крајот на октомври, Скопје ќе биде домаќин на 5-тиот Симпозиум на Тинк Танк на највисоко ниво меѓу Кина и земјите од Средна и Источна Европа. Идната година, во Р. Македонија ќе се одржи и 4-тиот Форум на министрите за културната соработка меѓу Н. Р. Кина и средноисточните европски земји. Иницијативата 16+1, за 17-те земји, вклучувајќи ги и Н. Р. Кина и Р. Македонија, е создадена не само отворена, туку и инклузивна и општо прифатена платформа, а во исто време овозможува и широк простор за создавање на партнерски односи меѓу земјите внатре и надвор од иницијативата - дополни кинеската амабасадорка во Скопје.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија