18 Мај, 2024
0.0374

Американците бараат каде да емигрираат: Засега на мета неколку земји!

Објавено во: Свет 10 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Шокирани, лути, тажни и незадоволни од изборот на Доналд Трамп за претседател на САД се повеќе Американци проверуваат како можат да го направат Нов Зеланд својот нов дом.

Само за 24 часа по веста за 45-от претседател на САД интернет страницата на новозеландски имиграциски услуги имала 56 300 посети од Америка, а вообичаената дневна просечна вредност е 2300. За истиот период сајт кој содржи информации за живот, работа, учење и инвестиции во Нов Зеланд бил посетен од 70 500 корисници од САД, а во просек дневно бил посетуван 1500 пати.

Миграциската служба на Нов Зеланд обично регистрира околу 3.000 луѓе на интернет страницата, а во последните неколку дена нивниот број е 7287 американски граѓани. Ова сепак се регистрации, при што е важно да се напомене дека значат само интерес кон миграцијата во земјата, а не се барање за визи.

Во меѓувреме други илјади Американци влегле во сајтот realestate.co.nz, за да бараат станови за продажба во Нов Зеланд. Во споредба со истиот ден лани сообраќајот кон страницата од САД е зголемен за 432 отсто, а 78% од посетителите никогаш пред тоа не влегувале во неа. Најмногу посети се земат предвид од Калифорнија (држава, освоена од Хилари Клинтон), следат Тексас и Флорида. Американските посетители се најмногу заинтересирани за имот во Окланд, Велингтон, Кантербери и Нортланд. Поголемиот дел од нив се под 35 годишна возраст, што е електоратот на гласачите за Клинтон.

Род Дјури извршен директор на новозеландска софтверска фирма Xero изјавил за Reuters дека има многу прашања дали може да се аплицира за работа во Нов Зеланд. „И ние велиме да, можете“, вели Дјури .

Специјалистите сепак не очекуваат масовна миграција на Американци кон Нов Зеланд. Според нив никој не емигрира само заради едно нешто, а поради комбинација од фактори. Причините кои ги мамат луѓето во земјата се многу значајни, отколку еден лидер. „Има три причини поради кои имигрантите доаѓаат во Нов Зеланд. Квалитетот на живот, јавната безбедност, како и квалитетот на нашиот образовен систем. Тоа не се менува, без разлика дали сте од САД или Кина, коментира тренерот  Павел Спонли. Со други зборови Нов Зеланд нуди повеќе отколку само еден различен лидер, смета тој.

Други земји исто така забележале пораст од пребарување за миграција од американски корисници, откако Трамп ја победи Хилари Клинтон и ќе ја преземе претседателската функција. Сличен тренд има и во Канада. Вчера сајтот на канадските имиграциски услуги падна по неколку часа поради значително зголемување на сообраќајот. Анализите на Google, исто така предвидеа скок во побарувачката на начини за миграција меѓу Американците. Пребарувачот сепак забележал многу луѓе дека се насочени да се соберат информации за Австралија. Тие се претежно корисници од државите Хаваи, Орегон, Вашингтон, Калифорнија, Вирџинија и Колорадо - сите кои ја поддржаа Хилари Клинтон.

Премногу е рано да се толкуваколку од овие барања ќе го направат овој потег откако шокот ќе се намали. Но скок на пребарувања покажува колку многу Американци беа изненадени од победата на Трамп и се заговараат за нивните можности на друго место.

Можеби ќе ве интересира

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?