Американците бараат повисоки плати
Објавено во: Свет 30 Ноември, 2016
Американци вчера излегле на протести во центарот на Њујорк со барање за зголемување на платите, по што се уапсени, соопштија американските медиуми.
Демонстрантите бараа укинување на минималниот износ на плата за еден час работа на федерално ниво до 15 долари на час. Околу 350 луѓе се собраа во паркот во Менхетен и подигнаа слогани против социо-економската политика во земјата. Според полицијата уапсените се демонстранти, кои се однесувале агресивно и се обиделе да го запрат сообраќајот по улицата. Слични протести се одржаа во вторникот и во други градови како Денвер, Детроит, Лос Анџелес и Хјустон. Неколку стотици луѓе протестираа крај терминалите на меѓународниот аеродром „О Хара" во Чикаго. Од 2009 година минималната плата во САД на федерално ниво е 7,25 долари на час. Според експертите, за да може во просек американско четиричлено семејство да се издржува над линијата на сиромаштијата, се потребни не помалку од 11 долари на час. Во 21 држави минималната плата е повисока од предвиденото во федералниот закон.