АМЕРИКАНЦИТЕ СКЕПТИЦИ ВО КВАЛИТЕТИТЕ НА ТРАМП: Како ќе се справи како претседател?
Објавено во: Свет 03 Јануари, 2017
Помалку од половина луѓе во САД на оваа фаза се уверени во способностите на Доналд Трамп дека ќе се справи со меѓународните кризи, ќе ја користи мудро воената сила и дека нема да дозволува појава на големи скандали во својата администрација.
Ова станува јасно од резултатите од новото истражување на јавното мислење спроведено од социолошката агенција "Галуп".
Според резултатите Американците засега скептично ги оценуваат претседателските квалитети на Трамп, кој ќе стапи официјално на должност на 20 јануари. Засега 46% од анкетираните Американци се сигурни дека Трамп ќе може да се справи со меѓународните кризи. Други 47% одговориле дека веруваат во неговите способности дека ќе ги користи мудро вооружените сили на САД во странство. 44% веруваат дека тој ќе може да превенира појава на скандали во сопствената администрација. Повеќе од половина - 53% се убедени дека 45-от претседател на САД ќе може ефикасно да управува со извршната власт.
Од "Галуп" потсетуваат дека кај неговите претходници - демократите Барак Обама и Бил Клинтон, како и републиканецот Џорџ Буш помладиот, овие индикатори пред стапувањето во позицијата биле повисоки / 71-84% /. Од анкетираните 55% одговориле дека се уверени во способноста а Трамп да ги застапува американските интереси на меѓународната сцена, 59% - дека ќе може ефикасно да управува со американската економија и 60% - дека ќе управува ефикасно со комунициите во Конгресот на САД. Анкетата е спроведена меѓу 7 и 11 декември меѓу репрезентативен примерок од 1028 Американци над 18 година во сите 50 држави и федерален округ Колумбија. Процентот на грешка е 4 проценти.