ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи
Објавено во: Свет 29 Април, 2024
Mлади момчиња во Сиднеј, Австралија планирале да купат оружје и да ги напаѓаат Евреите.
Група тинејџери планирале да набават оружје и да нападнат Евреи. Ова се случило на само неколку дена по нападот врз епископот на Асирската православна црква во Сиднеј. Детали за случајот соопшти полицијата.
Пет млади на возраст од 14 до 17 години, во четвртокот се обвинети пред судот во Сиднеј за низа прекршоци, како и за заговор за учество или планирање терористички чин.
Полицијата објави дека сите тие „се придржувале до религиозно мотивирана, насилна екстремистичка идеологија“ и биле дел од мрежата во која беше и 16-годишно момче обвинето за прободување на епископот на Асирската православна црква Мар Мари Емануел на 15 месецов. Откако лани на 7 октомври почна војната меѓу палестинската терористичка група Хамас и Израел, во повеќе земји Евреите беа мета на напади.
foto NSW Police