Американска компанија: Избирачкиот список не е точен и не ги содржи најновите податоци
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2016
Избирачкиот список во Македонија сѐ уште не е чист и тоа во голема мера ќе се одрази врз изборите во декември, вели Керолин Карлсон, сопственичка на компанијата „Data-Clear” во Вашингтон, која работи на обновување на податоците на гласачите во многу држави во светот за Гласот на Америка на македонски јазик. Карлсон побарала пристап до Избирачкиот список на Македонија пред една недела, но, вели оти тој бил недостапен.
„Се слушнав со мојот контакт таму изминатата недела, и тој ми рече дека е исклучително тешко да ми помогне да го добијам, и ме упати на интернет страницата на Државната изборна комисија. Но и таму не го најдов. Не беше достапен. Исто така ми рече дека е потребна работа на Избирачкиот список во Македонија, дека треба да се обнови, бидејќи не е точен и не ги содржи најновите податоци“, открива таа за ВОА.
Карлсон дека пристапот до Избирачкиот список мора да биде регулиран, за да се заштити злоупотреба на приватноста.
„Лицето што бара пристап мора да биде овластено, и да може да објасни зошто го бара тоа. Генерално ваков пристап се бара за политички кампањи и од организации кои имаат интерес да влијаат на изборите“, смета Карлсон.