27 Јануари, 2021
0.0188

AМПЕВА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ: Тоа ќе биде чист популизам ако дел од платата се враќа кај работодавецот

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2019

Покачувањето на платата е секогаш позитивен чекор, вели Кристина Ампева од Гласен текстилец од Штип.

Но, додава дека покачувањето треба да оди заедно со уште неколку елементи, за секако, да ја постигне посакуваната цел, а тоа е економско зајакнување на граѓаните.

„Не можеме да бараме, пример, од малите текстилни компании (кои се трудат да работат законски оти немаат друга позадина која ќе им овозможи незаконско работење) кои се втора, трета рака на големите текстилни компании (од кои големи компании добар дел работат во сива зона и незаконски), не можеме да очекуваме дека парите ќе завршат кај вработените доколку УЈП не води грижа дали на сметките на вработените е исплатена под минимална плата или имаат 1 денар на сметка, а подмирен МПИН. Или неисплатена плата и по два или три месеци. Не можеме, исто така, да кажеме дека граѓаните ќе видат бенефит доколку продолжи неисплаќањето на додатоци на плата и урамниловка на платите. Затоа треба институции да одат по фирмите, да прават редовни и темелни контроли и ќе укажат на работодавачите дека минимална плата е едно, и таа изнесуваше 12.500 денари, а на исплатните листови за плата стои 12.500 со вклучени минат труд, прекувремена работа, работа на празник и слично. Значи не е возможно сето ова ако институциите кои се платени од џебот на работникот од приватниот сектор, не водат сметка за правата на работниците“, рече Ампева.

Но, постои сомнеж дека како и досега работодавците ќе го изигруваат законот, а работниците ќе бидат принудени дел од парите да ги вратат во кеш кај работодавецот.

„Сѐ ќе биде чист популизам и уште поголемо незаконско работење, враќање на дел од плата на работодавачот, случаи кои и сега ги имаме. Ова го потенцирав и на панел дискусијата за време на нашата Текстилијада каде присутни беа и министерката Мила Царовска, гости од регионот, синдикати и претставници од шведскиот синдикат Ханделс. Доколку се даваат буџетски пари за субвенции, придонеси, фондови, нека се даваат на фирмите кои навистина работат законски и почитуваат работнички права. Нека на тој начин бидат наградени и оваа Влада покаже дека сака такви позитивни работодавачи во својата земја“, вели Апмева.

Критериуми мора да има, институциите мора да работат за да работниците ги видат резултатите и мерките кои се носат, додава таа.

Владата, коморите и синдикатот се договорија минималната плата од декември годинава да се зголеми на 14.500 денари, а досега тој изнесуваше 12.500 денари.

Минималната плата во кожарската, текстилната и чевларската индустрија, со новото зголемување е покачена за над 60 проценти, се пофалија од СДСМ. Велат дека сега вработените во овие сектори ќе земаат плата повисока за 5.500 денари месечно, односно за 66 илјади денари годишно.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЈАНЕВСКИ ЗА ФАКТОР: Министерот за здравство да го има помалку во медиумите, да водиме дијалог без предрасуди

ЈАНЕВСКИ ЗА ФАКТОР: Министерот за здравство да го има помалку во медиумите, да водиме дијалог без предрасуди

СДСМ со најголема заработка од буџетот и во 2020

СДСМ со најголема заработка од буџетот и во 2020

ПОВИСОКИОТ ДАНОК И КОРОНАТА ГО „ТОПИ“ УВОЗОТ НА СТАРИ ВОЗИЛА - и тие што влегле лани не се постари од седум години

ПОВИСОКИОТ ДАНОК И КОРОНАТА ГО „ТОПИ“ УВОЗОТ НА СТАРИ ВОЗИЛА - и тие што влегле лани не се постари од седум години

Бројот на работници во зоните лани останал стабилен

Бројот на работници во зоните лани останал стабилен

Виктор Мизо кажа како до повисоки плати во зоните

Виктор Мизо кажа како до повисоки плати во зоните

Одговор на реакцијата на РЕК Битола за огласот за машините

Одговор на реакцијата на РЕК Битола за огласот за машините

РЕК Битола реагира: Не се четири машини, на наддавањето се поканети шест фирми

РЕК Битола реагира: Не се четири машини, на наддавањето се поканети шест фирми

Груби од денешната владина седница: Одобрена изградбата на три автопати

Груби од денешната владина седница: Одобрена изградбата на три автопати

ЗДРАВКО САВЕСКИ: Кога луѓето одеа на бродови и собираа портокали, Владата се фалеше со намалување на невработеноста, сега кога се вратија, не сака да влезат во бројката

ЗДРАВКО САВЕСКИ: Кога луѓето одеа на бродови и собираа портокали, Владата се фалеше со намалување на невработеноста, сега кога се вратија, не сака да влезат во бројката