26 Април, 2024
0.0315

Анализа: Борба со корупцијата или корумпирани изборни процеси

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Македонија не мрда од мртвата точка на корупцијата, а впечатокот е се полошо оценето според последниот извештај на Стејт департментот. Во моментов многу очекувања има од Државната комисија за спречување на корупција. Антикорупциска поведува постапки, но за нерегуларностите од изминатите избори се уште нема „фидбек" од судството.

Комисијата ќе биде ангажирана и за целиот предизборен и изборен период, а првата сериозна реакција беше упатена за обидот да се промени Изборниот закон на неколку месеци пред локалните и тоа со зголемување на бројот на потребни потписи за кандидирање на независни листи и повисок минимален праг на освоени гласови.

Обидот како што велат од ДКСК за  Фактор е „класичен пример на политичка корупција и суштинско нарушување на владеење на правото".

Како ДКСК ќе спречува изборна корупција?

Веќе две изборни години ДКСК го користи регистарот на службени моторни возила кои го користат институциите, кој е јавно објавен на веб страната. На почетокот на секои избори, ДКСК ја повикува јавноста да го користи овој регистар и за секое сомневање од злоупотреба на возилата за партиски цели да пријават преку апликација која е исто така достапна на веб страната на ДКСК. Искуството од примената на овој регистар е доста добро, има голем број доставени пријави по кои ДКСК постапуваше.

ДКСК во рамки на стручната служба со Правилникот за систематизација на работните места има предвидено организациона единица- Одделение за  следење на финансирањето на политичките партии, изборните кампањи и корупција во јавните набавки каде се предвидени 5 извршители: еден раководител на одделение, 3 советници и еден виш соработник. Од планираните пет работни позиции пополнети се две: раководител и еден советник. Имајќи ги во предвид овие неповолни состојби, ДКСК исто како и за минатите избори со поддршка на ИФЕС, за овие локални избори ќе ангажира набљудувачи и аналитичари.

Задача на набљудувачите е да ги следат активностите на учесниците во изборните кампањи во конкретна општина на кој начин ги промовираат своите програми: рекламен материјал (флаери, блузи, капи, пенкала, нотеси...), плакати, билборди, паноа или друг начин на рекламирање; активности на изборни штабови и слично. Овие активности треба да се покријат со финансиски средства, така што преку следењето на трошоците, ДКСК ќе изврши увид во висината на обезбедените финансиски средства и нивните извори-законски или анонимни.

Задача на аналитичарите е со анализа на состојбите од годишните извештаи на политичките партии и промените на трансакциските сметки за изборната кампања да обезбедат информации за финансиската способност на одредено правно/физичко лице да биде донатор на одредена политичка парија, можност партијата да ги обезбеди потребните средства од редовното работење и други информации.

Ова е со цел да се види дали обезбедените средства се од реални можности на донаторите или донаторите се користат како средство одреден износ на „црни" пари да бидат вклучени во изборните кампањи, посочуваат од ДКСК.

30 пати Стејт департментот го споменува зборот корупција

Во последниот извештај за инвестициската клима за Македонија, 30 пати е споменат бројот на корупција. Оваа девијација е постојана појава, правната регулатива е комплексна и со различните толкувања на законите и правилата се создава непредвидлива деловна средина поволна за корупција. Иако има пријави одредени владини службеници и натаму се вклучени во коруптивни активности.

Транспаренси Интернешнл ја рангираше Северна Македонија на 111 место од 180 земји во својот индекс за перцепција на корупција во 2020 година, што е за 5 поени помалку од претходната година и 13 од претходната година, со резултат 35/100 во апсолутна вредност.

Спроведувањето на законите за борба против корупцијата често е слабо и селективно насочено кон владините критичари и престапниците од ниско ниво. Има веродостојни обвинувања за корупција во полицијата и безбедносните служби, обвинителството судството и многу други сектори.

Изборите тест за вистинската борба со корупцијата

Партиите практично признаа дека уште сега водат кампања за изборите иако законските рокови не се започнати.

Дали уште сега ДКСК ги следи активностите на политичките партии но, и на носителите на државни функции кои на некој начин веќе се вклучени во неформална теренска кампања. Има ли тука простор за злоупотреби на државни ресурси, како и на злоупотреби со финансирањето на партиските активности?

„ДКСК ги следи сите случувања поврзани со активностите на партиите и носители на функции, и секогаш го искажува своето мислење.

Иако одредени активности немаат злоупотреби на државни ресурси, нивното донесување, реализирање или промовирање непосредно по распишување на изборите ДКСК го цени како суптилно влијание врз гласачкото тело. На пример Законот за извршување на буџетот на РСМ за 2021 по извршениот ребаланс на Буџетот со кои се овозможи исплата на регрес за годишен одмор за вработените во администрацијата, зголемувањето на платите за 30% за одредени вработени во неколку институции, објавување на огласи за вработување 2-3 дена пред распишување на изборите; промоција на изградба на поголеми инфраструктурни објекти, објава дека е распишан тендер за изградба на патишта и слично непосредно по распишување на изборите“, велат од ДКСК.

Овде не станува збор за злоупотреба на буџетски средства но времето на нивното донесување, односно промовирање не само од ДКСК туку и од граѓаните се перцепира како влијание врз гласачите.

ДКСК нема основ да реагира на ваквите настани (не претставуваат активности кои се со закон забранети), но секако дека ќе бидат презентирани во Посебниот извештај за финансирањето на изборната кампања како и во годишниот извештај за работата на ДКСК.

Х. С. 

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица