05 Мај, 2024
0.0242

АНАЛИЗА: Децентрализацијата во лер, општините бараат пари, а ги трошат без усул

Објавено во: Економија 27 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Зголемување на процентот што општините го добиваат од ДДВ, зголемување на блок дотациите, навремено и целосно префрлување на средствата од централната на локалната власта, помош и решавање на проблемот на блокираните општините, пофлексибилни услови за кредитирање од банките. Ова се само дел од барањата на првите луѓе на локалните самоуправи во земјава и на експертската јавност за целосно се остварат бенефитите од фискалната децентрализација.

Со процесот на децентрализација во Македонија, во изминатите 13 години, општините добија многу повеќе надлежности и финансиски средства. Но, тоа не е доволно бидејќи се уште голем дел од општините се заглавени во заостанати долгови или добиваат премалку пари од централната власт за да ги извршуваат редовните активности. Од друга страна, некои општини немаат ниту стопански, ниту кадровски потенцијал за да можат да обезбедат стабилни финансии. Трети пак, како што се тврди сакаат воопшто да не зависат од централната власт, а да немаат ниту контрола.

Под блокада

Според градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, направени се многу грешки уште на стартот на децентрализацијата кога се премина на институционална наместо на функционална децентрализација.

- Парите кои ги добиваат општините ни од далеку не ги задоволуваат потребите. Околу дваесет општини континуирано имаат блокирани жиро сметки. Најдрастичен е примерот со Куманово и со Охрид, кои се големи општини и имаат континуирано блокирани жиро сметки. При трансферот на надлежностите не се водеше доволно грижа општините да добијат доволно финансиски средства за да можат да ги извршуваат надлежностите така има работи кои континуирано ни создаваат проблеми како што се основните и средните училишта. Само во општина Велес училиштата имаат долгови од над 500 илјади евра за превоз на учениците. Владата треба да биде потранспарентна и да утврди од каде произлегуваат овие проблеми и да ги надомести средствата- изјави Коцевски.

Прва фаза од фискална децентрализација почна да се применува од 1 јули 2005 година кога е извршена измена и дополнување на Законот за даноци од имот, Законот за комунални такси и Законот за административни такси со кои се утврдија нови извори на финансирање на локалната самоуправа. Втора фаза нормативно започна од 1 јули 2007 година само кај оние општини кои успешно го поминаа транзицискиот период.

Од 2013 година, само една општина (Пласница) е изоставена од втората фаза поради значителната задолженост, како и поради нискиот фискален капацитет.

Општините се големи должници

Во втората фаза одговорностите на општините во областа на буџетирање се зголемија, поради фактот што наместо добивање на наменските дотации за одбрани надлежности во првата фаза (култура, основно и средно образование, заштита на децата и грижа за возрасните, и здравствена заштита) кои што ќе ја содржат сумата на средства потребни за да се покријат тековните оперативни трошоци и одржување, општините почнаа да добиваат блок дотации, кои што исто така ги содржеа и сумите за плати на вработените во јавните институции во споменатите области. Овие блок дотации се трансферираат на општинските буџети за истите понатаму да се префрлат на сметките на буџетските корисници на територијата на општината.

Но, заостанатите долгови најмногу им тежат на локалните самоуправи. Според проценките, македонските општини имаат неподмирени обврски во износ од над 120 милиони евра. Најзадолжена е општина Карпош со долг од 16 милиони евра, па Охрид со близу 12, Тетово со 8 милиони евра. Дури една третина од вкупно 80 локални самоуправи должат по над еден милион евра. Според анализата на податоците од Министерството за финансии, во 2016 година во Македонија имало 14 општини со блокирани сметки, додека нивниот број лани  се зголемил на 16.

Токму ова беше причината Владата да најави дека планира да се задолжи со поволен кредит во висина од 120 милиони евра, пари кои потоа ќе им ги позајми на општините за да ги санираат должничките дупки. Експертите предупредуваат дека е потребна сериозна ревизија целокупното финансиско работење, посебно кај оние општини каде веќе има индиции за злоупотреби.

- Мора да се направи добра анализа за тоа каде и за што отишле парите. Во ред е ако трошеле за училишта, за градинки, но евидентно е дека некаде тоа не е случај. Затоа мора да се направат пресметки, да се утврди одговорност и понатаму да се утврдат намени за кои ќе се користат парите кои централната ќе и ги позајми на локалната власт. Тоа мора да се направи- вели Марија Зарезанкова Потевска, универзитетски професор.


М. Б. 

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?