26 Април, 2024
0.1856

АНАЛИЗА ЗА КОМПАНИИТЕ ВО ЗОНИТЕ: Продуктивноста на трудот пораснала повеќе од платите, Деспотовски најавува промени

Објавено во: Економија 02 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Раст на приходите од работењето, раст на бројот на вработени, но и на платите е забележан во изминатите 10 години во компаниите од Технолошко индустриските развојни зони. Дирекцијата за ТИРЗ за прв пат подготви анализа во која се обработуваат податоците за работењето на странските компании во домашните зони, а опфатен е периодот од 2010 до 2020 година. Во тој период приходите на фирмите во зоните е 231 милион евра, што за анализираниот период е раст од 16 отсто. Ако се анализираат просечниот број на нови вработувања, во тој период тоа се 1.289 нови вработувања просечно, додека просечниот годишен пораст од 2010 до 2020 година е 83 отсто. Показателите ги презентираше Јован Деспотовски, директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски зони, а анализирани се 32 компании од годишните извештаи кои фирмите ги доставиле до Централниот регистар.

„Она што е важно е што во анализираниот период растат стабилно приходите на компаниите, бројот на варботени расте со зголемена динамика, а зголемени се приходите кои од овие компании влегуваат во буџетот. Радува што има зголемен раст и на продукивноста на трудот и ние во иднина ќе работиме на зголемување на платите затоа што тоа е логично, изјави Деспотовски.

Според податоците, просечниот годишен раст на продуктивноста од 2010 до 2020 година е високи 55 проценти.

„Продуктивноста на трудот во континуитет расте во изминатите 10 години со значителна стапка од 55 проценти, а индикативно е што во периодот 2010 – 2016 година продуктивноста на трудот расте значително побрзо од платите. Овој тренд е променет и во периодот 2017-2020  година платите растат значително побрзо од продуктивноста на трудот. Ниту едното, ниту другото не е основа за одржливост на економските текови. Затоа, наш приоритет во следниот период ќе биде да продолжиме да го поттикнуваме растот на продуктивноста, но и да видиме забрзан раст на платите, рече Деспотовски.

 

Во 2020 година просечниот број на вработени во зоните изнесува 12.963, додека во 2016 година бил 6.282 лица.


Просечниот износ на платите по вработен за периодот од 2010 до 2020 година изнесува 26.820 денари. 

Просечното годишно зголемување на платите во истиот период е 11 отсто. Во меѓупериодот од 2011 до 2016 година просечната плата по вработен изнесува 23.044 денари, а од 2017 до 2020 година изнесува 28.796 денари што е раст од 13 проценти.

Инаку само во 2020 година просечниот износ на исплатена плата е 29.462 денари, додека во 2016 година бил 19.758 денари.

„Внимателно ќе го следиме растот на платите, додаде, и нема да дозволам, ниту јас ниту било која од институциите, растот на продуктивноста и добивката и бенефитот од тоа да биде исклучиво на конто на компаниите. Тој бенефит мора да се подели еднакво со работниците. Наш приоритет во сите разговори што ги имаме со постојните инвеститори кои прошируваат капацитети и со новите инвеститори е да ги гледаме структурите и на вработените и нивоата на платите кои ги даваат. Не интересираат реалните плати кои им ги даваат на оние со пониско платени работни места и не не интересира колку зема менаџерот. Не се врзуваме со тоа која им е почетната плата, туку која е просечната плата и како ќе се движи во наредните години, дали ќе расте со стапка на инфлација што не е доволно или со засилена динамика што е нешто што може дополнително да го поттикнеме, изјави Деспотовски.



Во анализираниот период повратот на капиталот е 16 проценти.

Деспотовски најави дека дека по првичните бројки ќе следат консултации и презентации со академската и деловната заедница и тоа не само со странските инвеститори, туку и со домашните компании со цел да се поттикне дискусија и врз база на бројките во анализата да се изготви целосно нова методологија на поттикнување на инвестициите во рамки на постојната законска регулатива.

„Дел од тоа веќе го пилотираме со новите инвеститори, но сметам дека можеме да одиме чекор понатаму и да изготвиме методологија која ќе биде јасна, прецизна и дефинирана за сите – и за домашните и за странските инвеститори. Доколку се покаже потреба во наредните шест до седум месеци целосно да се промени системот на поттикнување на инвестиции врз база на искуствата кои ги имаме и врз база на позитивните податоци кои ги имаме во делот на странските инвестиции моделот еднакво да го примениме кај домашните компании, рече Деспотовски.


А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто