26 Април, 2024
0.0281

АНАЛИЗИТЕ НИ ПОКАЖАА ДЕКА МОДЕЛОТ СО ДВЕ ПРОГРЕСИИ НА ДАНОКОТ НЕМАШЕ ДА БИДЕ ПОЗИТИВЕН - Лукаревска за даночната реформа

Објавено во: Економија 06 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Ќе биде воведено, но не треба да биде избрзано. Овој став во вчерашното гостување во Топ тема на Телма го искажа директорката на УЈП Сања Лукаревска околу прогресивното оданочување. 

Таа откри дека кога во Владата ги направиле првите анализи, увиделе дека ефектот од таквиот модел, со две прогресии кој требаше да биде воведен, не би бил позитивен.

„Кога ја направивме анализата за структурата на данокот на личен доход увидовме дека имаме најголем раст кај страната на платите и на приходите што ги имаат граѓаните од игрите на среќа. Дали ефектот од прогресивното оданочување тогаш би бил позитивен, сметам дека не. Затоа во иднина треба да направиме соодветна дистинкција и да го одбереме најдоброто, но да не биде избрзано“, рече Лукаревска и додаде дека тоа е причината што веднаш не се воведува прогресивното оданочување.

Лукаревска најавува дека во иднина ќе следат многу дебати на таа тема со цел да бидат сослушани сите страни.

„Праведност, ефектност и транспарентност во наплатата е суштината на еден праведен даночен систем. Можеби се згреши во делот на прогресијата што не се отвори соодветна долготрајна дебата за да се види кое е најсоодветното решение. Сепак, праведноста е заштитен знак на прогресивното оданочување“, посочи директорката на УЈП.

Лукаревска нагласи дека од крајот на август стартуваше само предлог даночна реформа и додаде дека неколку пати напоменале дека можеби ништо од тоа нема да влезе во имплементација.

„Ги слушнавме сите релевантни фактори и нивните сугестии. Сметам дека во време на криза е право време да се направат даночни реформи. Даночни реформи ќе има, но треба да се направат многу јавни дебати. Ги слушаме и ќе ги слушаме пораките од сите, бидејќи не треба да се носат проблематични решенија“, нагласува директорката на Управата.

Таа потенцираше дека Управата за јавни приходи не е носач на решенија, туку е само имплементатор и додаде дека во услови на криза не може да се предвидуваат економските текови, бидејќи се се менува од ден на ден.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина