16 Јануари, 2025
0.0386

Андонов се жали на цензура, Спасовски не дозволува двојна команда

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Дополнителениот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов на денешната прес-конференција го обвини актуелниот министер, Оливер Спасовски дека му забранува јавен настап без претходно добиена согласност од него. Андонов, кој ќе остане познат по тоа дека бил на министерска позиција едвај неколку часа, изјави дека овој потег на Спасовски пред се претставува „лична навреда, како и на неговиот личен дигнитет“.

- Ова е настан без преседан во работењето на МВР, обид да се изурпира моето законско право за јавно информирање на граѓаните за сите сегменти од мојата работа, која пред се е јавна, смета Андонов. 

Тој вели дека намерата на Спасовски да ги ограничи неговите јавни настапи во најмала рака е небулоза и нема никакви допирни точки со реалноста и законската регулатива која го детерминира ова прашање.

Од кабинетот на министерот Спасовски излегоа со демант.

„Целосна невистина е дека на Секторот за односи со јавност му е забрането да му дава логистичка поддршка на дополнителниот заменик на министерот. Комуникацијата на МВР со јавноста се врши исклучиво согласно одредбите на Законот за внатрешни работи, Законот за полиција и Упатството за начинот на остварување комуникација со јавноста кое е потпишано од поранешната министерка Гордана Јанкулоска, а изготвено во јули 2007 година. Според законската регулатива дополнителниот заменик министер Оливер Андонов има ингеренции само за прашања во врска со изборите. Во МВР не може да биде дозволена двојна команда без оглед на нечии желби и амбиции. Во МВР мора да се почитува законот“, се вели во соопштението од МВР.

Инаку Спасовски за време на вчерашната посета на СВР Скопје изјави дека нема пари во буџетот за плати за нововработените во МВР, кои добија решение пред заминувањето на Митко Чавков од функцијата.

Министерот вели иако ги преземал сите законски надлежности меѓу кои и суспензија на некои осомничени вработени, сепак тие повторно се појавиле на работа откако им истекле роковите според законот за дисциплинска постапка.

Денеска на ова реагира неговиот дополнителен заменик, кој вели дека неговата изјава претставува груба навреда кон сите припадници на МВР на чие чело привремено се наоѓа.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби