14 Мај, 2024
0.0278

Анета Додевска: Ќе биде многу тешко економијата да го врати здивот и да заздрави

Објавено во: Економија 21 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Мандатарот ги предложи, Собранието треба да ги изгласа министрите во идната Влада. Македонија е сред еден од најголемите предизвици предизвикан од Пандемијата на Ковид-19. Здравствената криза предизвика и голема економска криза, а со тие проблеми во иднина треба да се справува економскиот тим во Владата. А предложени се луѓе кои јавноста ги знае, барем повеќето имале функции и досега. Дали ќе успеат да се справат со големиот предизвик, ќе носат ли економски одлуки кои ќе бидат во функција на граѓаните и на стопанството, со што треба прво да се зафатат. Ги прашуваме економските новинари.

Анета Додевска, уредник во телевизијата 24, смета дека новите економски имиња во владиниот кабинет ќе имаат многу работа, ќе треба на економијата да и го врати здивот и да ја постави на патот на заздравување. 

Дел од имињата кои ќе бидат во новиот кабинет се изненадување за јавноста. 

Особено интересно ќе биде да се види како ќе функционираат двете нови позиции, прв заменик премиер, Артан Груби, и вицепремиер за борба против корупцијата, Љупчо Николовски. Засега имаме функции, но се чини дека не знаеме точно кои ќе бидат надлежностите. 

Министерството за финансии го добива ДУИ со кадар кој веќе е познат на јавноста, ососбено во бизнис-економските кругови. Фатмир Бесими, зад себе, би рекла дека сепак има доволна „тежина“ за да застане на чело на овој клучен и стратешки ресор, но воедно да не заборавиме дека функцијата ја презема во еден од најтешките периоди за македонската економија, па оттука на тест ќе биде ставена неговата способност да се справи со историски најдлабокиот дефицит, со растечкиот јавен долг, со очекуваното зголемување на невработеноста, со длабоките стапки на пад на економијата. 

Како дел од Владата, преку вицепремиерско место, е Фатмир Битиќи – како кадар на СДСМ. Битиќи беше еден од најистурените играчи во текот на изборната кампања, доаѓа од приватниот скетор и очекувам дека импулсот на бизисот ќе може да го слушне доволно за да носи вистински одлуки. 

Континуитет во Министерството за економија ќе биде Крешник Бектеши – ова министерство добива втроа шанса со ист кадар, да покаже дали може да се справи со проблемите што се под наделжност на овој ресор. 

Интересно ќе биде да се види како ќе се менаџира Министерството за земјоделие кое го доби БЕСА. Да не заборавиме дека зборуваме за ресор кој располага со еден од најголемите буџети, но и ресор кој мора да покаже неселективност кога се делат државните субвенции на земјоделците, кои пред избори се знајано гласачко тело. 

За Благој Бочварски прва функција во извршната власт – значаен тест за менаџирање на ресорот кој е стратешки за дел од капиталните инвестиции.

Економскиот владин тим нема просор за комодитет ако се знеа дека здравствената ковид 19 криза може да се искомплицира, а со неа и економските текови. Домашниот бизнис е под “мраз“ и поради изборите, но и поради последиците од коронакризата, странските инвеститори апстинираат и ќе биде многу тешко економијата да го врати здивот и да се врати на патот на заздравување. Сега бројките покажуваат одредени позитивни поместувања, но да не заборавиме дека сето тоа се крепи со големи задолжувања, кои можат да ги пополнат дупките и да ги амортизираат последиците само неколку месеци. 

Проблемите и предизвиците со кои ќе се соочи новиот економски тим ќе бидат големи – останува да видиме дали има доволно политичка желба и зрелост за споравуавње со нив.

Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра