18 Мај, 2024
0.0353

Ангел Димитров: Составуваме заеднички текст за годишнината на Гоце Делчев

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Ангел Димитров, претседателот на бугарската историска комисија од мешовитиот комитет, во своето последно интервју вели дека македонските и бугарските експерти треба да состават заеднички текст по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, што ќе се чествува на 4 февруари, но и дека му е жал што двете страни нема да се состанат пред јубилејот.

„Кога се разговара за тоа како да се подготви текст за владите да слават заедно, колегите од РСМ тргнуваат од сегашноста кон минатото - од нивната идеја за Гоце Делчев, без да се зборува за Гоце Делчев во неговото историско време. Ова е пристап кој не е историски. Предлагаме прво да се оцени личност во неговото историско време и оттука да се разбере неговото значење за сегашноста“.рече Димитров.

Според стручњакот, најголем проблем во моментов претставува тоа што македонската страна, како што нагласува тој,  не сака да го прифати поимот „заедничка историја“.

„Имаме две главни задачи - преглед на учебниците по историја за тоа како да се учи соодветната материја. Сè уште сме во средниот век, предмет што се изучува во основно училиште. Сè уште не сме стигнале до она што се учи во гимназискиот курс, но работиме повеќе од 3 и пол години. Сето тоа е поради неподготвеноста на нашите колеги да го прифатат тоа дека имаме заедничка историја, а таа започнува во средниот век. Одтаму ова блокирање на нормалниот ритам на работа на комисијата и малкуте постигнати резултати“, рече професорот.


Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање