27 Април, 2024
0.0286

Ангеловска го брани буџетот - Со него сакаме да ги задржиме граѓаните во земјава

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Со предлог буџетот за идната година сакаме да ги задржиме граѓаните во земјава, е една од поентите на министерката Нина Ангеловска, со која таа денеска излезе во одбрана на скроената државна каса за следната година.  

„Овој буџет е фокусиран на инвестициите во човечкиот капитал затоа што како земја, сме исправени пред најголемиот предизвик: како да ги задржиме нашите граѓани во земјата, како да им понудиме подобри услови за живот и како да придонесеме да бидат посреќни и помотивирани на нивните работни места“, рече Ангеловска. 

Ова е прв буџет кој министерката ќе го брани пред пратениците.

Таа вели дека во следната година Владата сериозно ќе инвестира во подобро здравство, подобро образование, подобра социјална грижа и воопшто подобри услови за живот на сите наши граѓани. 

Нагласи дека сака со овој буџет да се адресира се она што со години било запоставувано - а тоа е нашиот највреден капитал – луѓето. Индексот на човечки капитал во нашата земја изнесува 0,53, ова значи дека денешните деца кога ќе пораснат, ќе користат само 53 отсто од својот потенцијал, согласно условите кои што им се обезбедуваат.

Економскиот раст во 2020 година е проектиран на 3,8 отсто. Стапката на инфлација се очекува да остане ниска, односно 1,7 отсто.

Почитувани пратеници, пред вас денес претставувам еден реален буџет, кој што ги лоцира приоритетите и ги алоцира парите на граѓаните онаму каде што ќе дадат најдобар ефект и резултати“, рече Ангеловска. 

Приходите ќе тежат 3,6 милијарди евра. 

Според Ангеловска, тие содржат благо релаксирање на даночната политика, со истовремена корекција кај одделни даночни стапки, со кое се очекува да се постигне повеќекратен ефект односно - со истото е предвидено да се обезбеди поголем даночен опфат, фер и олеснети административни процеси, како и поддршка на приватниот сектор, што би резултирало со намалување на даночната евазија, како и јакнење на механизмите за намалување на неформалната економија.

Вкупните расходи ќе изнесуваат 3,9 милијарди евра. 

„Тие се во функција на редовно и навремено исполнување на сите законски обврски, како и за поддршка на домашната економија, силна поддршка на приватниот сектор и граѓаните, инвестиции во човечките потенцијали, забрзана реализација на инфраструктурните проекти, поттикнуваање на странски инвестиции и иновативност на домашните компании, поддршка на политиките за пораст на економијата и на животниот стандард на населението, како и приоритетот за интегративните процеси на Република Северна Македонија во ЕУ и обврските кои произлегуваат од членството во НАТО. Во оваа насока, обезбеден е досега највисокиот буџет од 10 милијарди денари за Министерството за одбрана како предводник на реформските активности, во постигнување на стратегиската цел на државата - членство во НАТО“, рече Ангеловска.

Капиталните инвестиции планирани на ниво од 23,6 милијарди денари. Според министерката, во нив најзначајно учество имаат квалитетните и продуктивните инвестиции во патна и железничка инфраструктура, комунална и енергетска инфраструктура. Ангеловска ги наброја инфраструктурните проекти што ќе се реализираат, како што се продолжување на реализацијата на источниот дел од железничката пруга- Коридор VIII- делница Куманово- Бељаковце- Крива Паланка, бројни патни правци, гасификација и слично.  

Таа нагласи дека за идната година ќе биде потребно задолжување од бруто 985 милиони евра, за покривање на дефицитот, но и за отплата на стари долгови. Но, нето задолжувањето ќе изнесува 320 милиони евра. 

Проектираниот буџетски дефицит за 2020 година изнесува 17,4 милијарди  денари, односно 2,3 отсто од БДП, согласно определбата за постепена фискална консолидација, која ќе допринесе за одговорно располагање со парите на граѓаните. Притоа, покрај за покривање на дефицитот, ќе бидат потребни и 43,2 милијарди денари за отплати на долгови, со што вкупните потреби за финансирање во 2020 година изнесуваат 60,6 милијарди денари (985 милиони евра). Овие средства ќе се обезбедат преку комбинација на задолжување во странство и на домашниот пазар“, рече Ангеловска.

Задолжувањето во странство може да се реализира преку издавање на Еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал и преку повлекување на средства од поволни кредити од странски финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти. Понатаму, задолжувањето на домашниот пазар ќе се реализира преку краткорочен домашен кредит како и преку издавање на државни хартии од вредност, со што ќе се обезбеди дополнително финансирање под поволни услови, користејќи ги историски ниските каматни стапки и високиот интерес на инвеститорите.

Сумарно, нето-задолжувањето, односно разликата меѓу ново задолжување и отплата на стари долгови во 2020 година ќе изнесува 19,7 милијарди денари.

Имајки предвид дека Буџетот е еден од најзначајните акти за било која Влада и држава, сметам дека Предлог-буџетот за 2020 година заслужува конструктивна дискусија која ќе биде базирана на аргументи и меѓусебно почитување. Верувам во потенцијалот овој Предлог-буџет да биде поддржан од сите пратеници во Собранието, го заврши министерката своето експозе.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра